Калифорнија: Десетици илјади луѓе во бегство од огнот | Свет | DW | 09.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Калифорнија: Десетици илјади луѓе во бегство од огнот

Огнен пекол во малото гратче Парадајс, закана за жителите во Чико - пожарите на северот од Калифорнија натераа во бегство десетици илјади луѓе.

Големите шумски пожари на северот на Калифорнија натераа на бегство десетици илјади луѓе. Повредени се повеќе цивили и пожарникари. Особено е погодено малото гратче Парадајс, на 290 километри североисточно од Сан Франциско, кое мораше да биде евакуирано. Сите 27.000 жители мораа да го напуштат градот.

Уништени се стотици куќи, а изгорен е и дел од болницата во гратчето, соопштија властите. За само неколку часа огнот се прошири на површина од повеќе од 70 квадратни километри, а пламените јазици достигнаа височина од 15 метри.

Огнот се шири брзо поради силниот ветер. Од пожари е загрозен пред сѐ регионот во подножјето на планината Сиера Невада. Загрозени се и жителите на градот Чико, кој брои 93.000 жители. Вицегувернерот Гевин Њусон прогласи ворнедна состојба во округот Бјут Каунти.

Калифорнија преживува една од најлошите години со пожари во својата историја. Летово имаше многу големи пожари. Досега од пожари беше зафатена речиси двојно поголема површина отколку во претходната година.

Гледај видео 00:56
Now live
00:56 минути

Бегство од пеколот

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама