Како Германија се справува со расизмот на стадионите? | Информации и анализи за Германија | DW | 20.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Како Германија се справува со расизмот на стадионите?

Имитирање мајмуни, фрлање банани на теренот и навредливи песни. Расизмот во фудбалот е голем проблем- и во Германија. Што прават Германците по тоа прашање?

Во Германија расистичките изјави се третираат како кривично дело. На сторителите им се заканува казна од 3 месеци до 5 години, на клубовите и парични казни. Еве еден пример од минатата сезона во Бундеслигата

По расистичките навреди за гостинските играчи од Мајнц, Спортскиот суд на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) го осуди Хановер 96 на парична казна од 20.000 евра. Двајца сторители се идентификувани. Добија забрана за влез на стадион, а покрената е и истрага. Остри санкции во комбинација со превенција. Така ДФБ се бори против расизмот во спортот. Посебно загрижувачка е состојбата во пониските лиги, каде нема ТВ-камери и преноси во живо.

Гледај видео 02:44

#DE_facto:Парични и затворски казни за расизам на трибините

ДФБ така го казни ФК Енерги Котбус поради расистички испади на неговите навивачи. Клубот доби парична казна од 7000 евра, која не мораше да ја плати во целост, туку еден дел можеше да го донира за едукација на фановите за опасноста од расизмот. А на такви семинари често гостуваат играчи кои расизмот го почувствувале на сопствена кожа. Еден од нив е Гералд Асамоа. За  #DE_facto тој раскажува како се чувствувал како жртва на расистички напади во Бундеслигата.

„Тоа е неописливо. Тоа е болка, нема подготвеност за прифаќање, иако отсекогаш имав чувство дека сум добредојден. И тогаш доволен е еден момент за повторно да се најдеш соочен со фактот дека воопшто не си дел од сето тоа, дека не припаѓаш. Тоа е таа болка, која не можам да ја опишам“, вели тој.

Гералд Асамоа беше прв германски репрезентативец роден во Африка . Ни вели дека секој навивач на трибините може да стори нешто против расизмот. Доволно е да се покаже цивилна храброст. И што е најважно: да не се прифаќа расизмот молчешкум. 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама