Кадровска лотарија во Брисел | Свет | DW | 08.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Кадровска лотарија во Брисел

Наредната година треба да дојде до промена на комплетната гарнитура на водечките функции во ЕУ. Тоа буди амбиции кај многумина. Како би можела да изгледа кадровската комбинаторика?

Дипломатите, службениците и новинарите полека се враќаат во Брисел по летната пауза. Работата полека зема замав. Што е поубаво отколку со кафе и пријатно септемвриско сонце да се занимаваш сам со себе. Брисел во моментов врие од гласини и шпекулации за тоа кој ќе добие каква супер-функција во европските институции.
Следната година, во мај, се избира новиот состав Европскиот парламент. Потоа, во октомври ќе биде назначен новиот претседател на Европската централна банка. Во ноември се избира новата Европска комисија и нејзините 28 комесари. Во декември, ќе има назначување на нов претседател на Европскиот совет кој ги претставува земјите-членки на ЕУ. За ваква важна функција, која со години ќе ја одредува европската политика, внатрешната изборна кампања е во полн замав. Официјално европските политичари и службеници прават сѐ за да изгледа дека ништо не се случува

Никој не знае ништо

Во заземањето позиции во ЕУ повеќе фактори играат важна улога. Тоа се партиската припадност, родот, старосната возраст, искуството во водење, националноста, нивото на препознатливост во земјте членки, ставот за заедничката валута евро и други важни прашања во ЕУ. Институтот за истражување „Воутвоч“ уште пролетта направи анкета меѓу 1.000 припадници од бриселскиот центар на моќ за тоа кој кандидат би можел да има најмногу шанса. Резултатот гласи : преговарачот за Брегзит Мишел Барние (Французин) ќе биде новиот претседател на извршното тело во Европската комисија. Манфред Вебер (Германец) ќе го реземе преседавањето во Европскиот парламент. Претседателот на Бундесбанката Јенс Вајдман (Германец) ќе биде унапреден во претседател на Централната европска банка. Холанскиот премиер Марк Руте ќе биде претседател на Европското собрание.

Оваа прогноза, како што сметаат некои бриселски „кадровски шпекуланти“, има меѓутоа многу недостатоци: 1. Барние со своите 67 години е престар и нема на време да ги заврши преговорите за Брегзит. 2. Вебер и Вајдман се Германци. Според правилото за пропорционалност меѓу малите и големите држави на една земја не можат да и’ припаднат две челни функции. 3. Никојод споменатите господа не е жена. А тоа, исто така, има тежина. Германската канцеларка Ангела Меркел, која игра важна улога во кадровката вртлешка, наводно без успех се обидува да ја придобие Французинката Кристине Лагарде која е на чело на ММФ и да ја доведе на некоја функција во ЕУ. Францускиот претседател Емануел Макрон наводно би сакал да ја доведе данската комесарка Маргрет Вестагер некоја од највисоките позиции.

Меркел и Макрон се воздржани

Новинарите во Брисел релативно се сложни во проценката дека Германија и Франција, како преостанати европски сили, сакаат да си обезбедат гоемо парче од колачот. Францускиот претедател Макрон можеби фрлил око на местото директор на Централната европска банка, но која би сакал да постави свој Француз. Германската канцеларка би можела да се обиде својот верен Петер Алтмајер, кој сега е министер за економија и кој покрај германскиот течно зборува англиски, француски и холандски, да го инсталира на местото претседател на Европската комисија. Можела, посакувала, сакала? Ни Макрон, ниту Меркел досега не кажаа ништо за тоа.

Грманските весници веќе со денови пишуваат дека се намалуваат шансите на Јенс Вајдман од Централната банка на Германија да премине на финкцијата директор на Цетралната европска банка. За Вајдман се зборува отие е јастреб во политиката со пари. Тој, ако дојде, брзо би ја завршил политиката на евтини пари и ниски камати на Италијанецот Марио Драги. Но, за таква промена на политиката на Драги не се согласуваат Грција, Италија и Шпанија.

Особено е компликуван изборот на нов претседател на Европската комисија. Сегашниот претседател Жан-Клод Јункер, од Луксембург, не сака повеќе да остане на оваа функција. За неа сега има многу заинтересирани. Покрај тоа таквиот кандидат би морал својата партија на европските избори да ја одведе до победа. Најголемата партиска група во новиот парламент има право на местото шеф/шефица на Европската комисија. Оваа личност ќе ја избираат 28-те шефови на држави или на влади од ЕУ. Парламентот смее само или да го потврди или да го одбие кандидатот, но не смее да предлага нов.

А што ќе се случи ако на изборите за Европарламентот во 2019 година победат популистичките сили и евроскептичните партии од Итлија, Германија, Шведска? Што ќе се случи ако тие добијат значително поголем број места во парламентот? Ќе можат ли скараните шефови на држави или на влади во ЕУ воопшто да се согласат околу кандидатот за челната позиција во ЕУ? Кадровскиот пакет мора да биде одреден за периодот од 2021 до 2027 година. Преговорите, според мислењето на заминувачкиот еврокомесар за буџет Гинтер Етингер, ќе бидат многу тешки. Не е исклучено дека Италија, Унгарија или Полска своите барања во спорот околу буџетот ќе ги поврзат за кадровските прашања. А можеби Германија како најголем нето-плаќач во европската каса ќе ја покаже својата моќ и ќе повлече кочница во кадровската комбинаторика.

Манфред, кој?

Играта околу ЕУ 2019 има многу непознати работи. „Ќе биде тешко да се задржи преглед над ситуацијата“, вели еден дипломат од центарот на моќ на ЕУ во Брисел. Уште потешко ќе им биде на граѓаните да разберат, кој настапува против кого. Имињата на кандидатите ѝ се непознати на пошироката публика. Кој го познава баварскиот политичар од ЦСУ Манфред Вебер, кој во септември конзервативците би можеле да го истакнат како главен германски кандидат? Доколку тоа и’ одговара на калкулацијата на канцеларката.

Мојот предлог за четирите највисоки функции во ЕУ би бил: претседателка на Европската комисија Ангела Меркел (Германија), шеф на Европската централна банка Беноа Коер (Франција), претседател на Европарламентот Ги Ферхофстат (Белгија) и претседателка на Советот на ЕУ, Далија Грибаускаите (Литванија). За точноста на податоците не гарантираме. Како и секогаш.

 

Реклама