И покраj критиките од Кина ќе се одржи средбата Меркел - Далај Лама | Вести | DW | 23.09.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

И покраj критиките од Кина ќе се одржи средбата Меркел - Далај Лама

*

И покрај острите критики од Кина германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе има средба со духовниот тибетски водач Далај Лама. Средбата е означена како приватна посета, но тоа не ги намали негодувањата на Пекинг. За денеска е откажан кинеско-германскиот правен форум кој требаше да се одржи во Михнен. Кинеската делегација официјално соопшти дека не може да допатува поради технички причини. Далај Лама од од 1995 година живее во егзил и е заговорник на отцепување на Тибет од Кина.