Историјата ќе зближува: Северна Македонија и Бугарија заедно ќе го чествуваат Гоце Делчев | Северна Македонија | DW | 28.01.2022
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Историјата ќе зближува: Северна Македонија и Бугарија заедно ќе го чествуваат Гоце Делчев

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, реферирајќи пред пратениците рече дека е постигнат голем напредок во разговорите со Северна Македонија.

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, кој денеска реферира пред пратениците во Народното собранието на Бугарија за резултатите од разговорите со Северна Македонија, оцени дека по посетата на Скопје и заедничката седница во Софија има желба да се заврши работата. Тој најави заедничко чествување на Гоце Делчев. 

„Димитар Ковачевски е премиер на Северна Македонија една недела и четири од тие осум дена ги помина со бугарската влада. Ова укажува на желба да се заврши работата“, рече Петков, кој најави дека на 4 февруари ќе има заедничко одбележување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. 

Mazedonien Bulgarien Zaev und Borisov am Goce Delcev Denkmal in Skopje

Поранешните премиери Заев и Борисов пред гробот на Гоце Делчев во Скопје, на 2 август 2017 година

Според Петков, паралелно со разговорите за економијата и инфраструктурата, двете страни разговарале и за правата на Бугарите во РСМ и за рамковната позиција.

„Ковачевски рече дека не гледа проблем за вклучување на Бугарите во Северна Македонија во нивниот Устав. Не се обврза на времето. Веќе не зборуваме за пет плус еден, туку за четири плус еден. Тоа само по себе е напредок“, оцени бугарскиот премиер. 

Тој најави дека има календар за состаноци на секои седум дена. „Ме радува што дури и историската комисија потврди дека ќе имаат три средби во наредните месеци. Немам намера да менувам ниту еден член на историската комисија. Мислам дека направивме добра работа овие две недели“, вели Петков, кој реферира во парламентот на барање на најголемата опозициска партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов. 

Sofia Gemeinsame Sitzung Premierminister Dimitar Kovacevski und Kiril Petkov

Петков најави дека на 4 февруари ќе има заедничко одбележување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Захариева советува да се намали ентузијазмот

Поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за време на денешната дебата во бугарското Собрание за достигнувањата на владата на Кирил Петков во преговорите со С Македонија му упати „пријателски совет“ да намали со ентузијазмот

„Намалете го малку ентузијазмот, ќе ја кренете рампата многу високо и потоа ќе треба да се објаснувате. Ова е пријателски совет, а не непријателски“, рече Захариева. 

Таа вели дека досега само за Коридорот 8 меѓу Бугарија и Северна Македонија во последните години се потпишани три меморандуми и уште најмалку 20 меморандуми за други области, но повеќето од нив останале на хартија и не се реализирани.

Поврзана содржина