Историска титула за Португалија и Роналдо | Панорама | DW | 10.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Историска титула за Португалија и Роналдо

Еден единствен гол го одлучи финалето во Лигата на нации. Европскиот првак Португалија стана прв победник на новото натпреварување. Титулата беше величествено прославена во Порто...

Репрезентацијата на Португалија ја победи селекцијата на Холандија во Порто во финалето на Лигата на нации со 1:0 и  ја освои титулата во првото издание на новоформираниот престижен натпревар.

Голот кој одлучи за влез во историјата ги постигна напаѓачот на Валенсија Гонсало Гедеш во 60-тата минута.

Домашната селекција во голем дел од натпреварот беше подобра, а на Лалињата не им помогна ни тоа што ја имаа топката повеќе во свој посед.

Се редеа шанси пред голот на Јаспер Силесен, Португалците двапати бараа и пенал, а на крајот голот на Гедеш го одлучи натпреварот.

Најдобра шанса за Холанѓаните имаше Џорџио Вајналдум во 57 минута на асистенцијиа од Мемфис Депајо, но Руи Патрисио го одбрани шутот на играчот на Ливерпул.

За најдобар играч на најмладиот натпревар под закрила на УЕФА, е прогласен Португалецот Бернардо Силва.

Португалците за триумф во првото издание на Лигата на нации заработија 7,5 милиони евра, а поразените Холанѓани еден милион помалку. Историскиот прв шампионски пехар во Лигата на нации беше прославен пред градското собрание на Порто.

Од балконот на собранието шампионите им се обратија на навивачите. Суперѕвездата Роналдо [им се заблагодари] на фановите и порача: „Без вашата поддршка овој успех не ќе беше возможен“

Гледај видео 01:34

Величествено славје во Порто

Инаку Португалија во полуфиналето беше подобра од Швајцарија 3:1, додека Холандија до решавачкиот меч стигна по триумфот во продолженијата со идентичен резултат во дуелот со селекцијата на Англија.

Во мечот за трето место Англија по подоброто изведување пенали беше подобра од Швајцарија, а јунак беше голманот Џордан Пикфорд.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама