1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирачкиот министер за одбрана избегна атентат

17 јули 2004

Седум лица загинаа а најмалку дваесет се повредени при денешните два одвоени бомбашки напади во Ирак. САД се обидуваат да ја разубедат Манила да не ги повлекува трупите од Ирак. Спротивни тврдења за информациите околу пронајдените обезглавени тела во Ирак

https://p.dw.com/p/AcMK
Сеуште е во заложништво, Филипинецот Ангело Де Ла Круз
Сеуште е во заложништво, Филипинецот Ангело Де Ла КрузФотографија: dpa

Пет лица загинаа утринава при самоубиствениот бомбашкиот напад врз конвојот со кој патуваше Ирачкиот министер за правда Малек Дохан. Министерот остана неповреден а при нападот загинаа четворица телохранители и атентаторот самоубиец кој ја активирал автомобилот бомба.

Најмалку двајца припадници на ирачката национална гарда ги загубија животите а уште дваесетина се повредени при одвоен напад, исто така со автомобил бомба, пред седиштето на националната гарда во градот Махмудијаху, јужно од Багдад

Експлозијата се случила додека идни регрути чекале да влезат во седиштето на националната гарда.

Во меѓувреме филипинските власти продолжија со повлекувањето на малубројните трупи од Ирак, во обид да го спасат животот на киднапираниот Филипине Ангело Де ла Круз, кого екстремистите го држат во заложништво. Секретарот за надворешни работи на Филипини Делаја Алберт изјави, дека многу бргу целосно ќе го напуштат Ирак. Бушовата администрација се обидува да ги наговори Филипинците да не попуштат пред заканите на киднаперите. Некои аналитичари сметаат дека повлекувањето може да предизвика заладување на односите Манила Вашингтон. И Тајланд во меѓувреме започна со повлекување од Ирак,

Американскиот државен секретар Колин Пауел денеска повторно ја бранеше ирачката војна

"Прашањето кое секогаш се поставува е дали ја правиме вистинската работа? Кога ќе погледнете наназад и ќе видите како дојдовме каде се наоѓаме дали го правиме вистионското нешто? Одговорот е да, ја правиме вистинската работа"

Колин Пауел верува во пренесувањето на суверенитетот на властите во Ирак

"Јас мислам дека со пренесувањето на суверенитетот и со надлежностите кои ги превзеде новата ирачка влада, овие акции ќе не одведат во правилна насока. Се разбира во моментов најголем предизвик е безбеднооста“

Американските сили и ирачката полиција демантираа дека во реката Тигар во близина на Мосул било пронајдено обезглавено тело во поертокалова облека. Според информациите се претпоставуваше дека телото е на еден од двајцата киднапирани бугарски државјани, кого ирачките екстремисти го погубија.

Бугарскиот премиер Симеон Саксобурготски, вчера изјави дека располага со неповолна информација во врска со двајцата киднапирани. Тој изјави дека оцекува потврда за телото за кое се тврдеше дека било пронајдено кај Мосул

Бугарските власти изјавија дека немаат намера да ги повлечат од Ирак своите 470 војници.