Интензивни конултации за новата предлог- рамка за преговори на Нимиц | Теми на денот | DW | 04.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Интензивни конултации за новата предлог- рамка за преговори на Нимиц

Утре попладне кај македонскиот претседател ,Бранко Црвенковски ќе се одржи средба на државниот врв, на која ќе се разгледа најновата рамка за преговори околу спорот со Атина околу името ,што ја предложи Метју Нимиц.

default

Првите партиски и официјални реакции содржат консензуален став дека за Македонија е неприфатлива понудата уставното име да биде сменето во меѓународната комуникација и меѓународните организации.

Во последниве 24 часа премиерот Никола Груевски води интензивни разговори со владините коалициски партнери за неговиот став да се отфрли понудата Скопје и Атина да најдат заедничко решение за промена на уставното име за меѓународна комуникација,а ја добил поддршката од лидерот на НСДП Тито Петковски.

Во во владата попладнево се одржуваа разговори меѓу премиерот и лидерите на ДПА и ПДП,Тачи и Вејсели.

„ДПА оценува дека Грција нема ни политичко ни историско право на притисокот Република Македонија да го смени уставното име“-изјави Тачи по средбата со премиерот Груевски. „Партиски и владин приоритет е членството во евроатланските интеграции,но компромисот околу името со Грција треба да се бара врз други основи“, изјави Тачи.

„Состојбата со спорот околу името станува неповолна за Македонија“, оцени денеска Радмила Шекеринска,но како што истакна опозицијата и дава поддршка на владата во одбраната на уставното име.

„СДСМ ова прашање нема да го користи во меѓупартиските соочувања зашто го смета за стратегиско во зачувувањето на идентитетот и уставното име,рече Шекеринска.

Поврзана содржина

Реклама