Илјадници Балканци добиле работа во Германија | Економија | DW | 10.10.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Илјадници Балканци добиле работа во Германија

Сѐ повеќе граѓани на западнобалканските држави добиваат работни визи во Германија, соопшти ОЕЦД. За сметка на тоа, се намалува бројот на баратели на азил. Информирајте се како легално до работа во Германија.

Бројот на баратели на азил од земјите на Западниот Балкан во Германија драматично се намалува, соопшти Организацијата за економски развој и соработка (ОЕЦД), притоа дополнувајќи дека во исто време расте бројот на оние кои доаѓаат да работат.

Илјадници луѓе по легален пат дошле во потрага по работа во Германија во последниот период.

Во последните шест месеци од годинава нивниот број изнесува 17.184. Тоа се работници од Србија, Македонија, Албанија, БиХ, Црна Гора и Косово. Сите претходно добиле работна виза, соопшти Томас Либих од ОЕЦД на прес-конференција во Берлин. 

Специјалната регулатива за економските мигранти од земјите на Западниот Балкан беше донесена во октомври 2015 година и важи до 2020 година. Согласно оваа регулатива, и работниците без посебни квалификации во нивната матична држава можат да побараат работна виза за Германија. За барателите на азил тоа правило важи само доколку го повлечат барањето за азил и веднаш ја напуштат Германија.

Неколку западнобалкански држави во 2015 година се најдоа на врвот на листата според бројот на баратели на азил во Германија. Во август годинава на таа листа, меѓу првите десет, остана само уште Албанија.

Според претходните податоци, заклучно со март годинава германските власти имаа одобрено 1.700 работни визи за луѓе од западнобалканските држави.

За да се почне постапка за работна дозвола, барателот треба да има конкретна понуда за работа или за обука и да ја има минато т.н. постапка за предност, со која се проверува дали можеби за даденото работно место или место за обука има кандидати Германци или граѓани на некоја од државите на ЕУ, кои би имале предност.

Германската министерка за труд и социјала Андреа Налес во септември ланската година изјави дека во период од 5 години би требало во Германија годишно да доаѓаат по 20.000 работници од Балканот, без оглед на квалификацијата. 

На следниот линк информирајте се како легално да дојдете до работа во Германија.

 

DW.COM

Реклама