Илјада причини „за“ и „против“ АстраЗенека | Северна Македонија | DW | 02.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Илјада причини „за“ и „против“ АстраЗенека

Македонските лекари смируваат- поопасни се ефектите од вирусот отколку можните компликации од вакцината.

Противречните информации околу вакцинацијата со „АстраЗенека“ создадоа вистинска конфузија во светот. Додека едни земји го стопираа вакцинирањето за помлади од 60 години поради несакани случаи на згручување на крвта, други сосема се свртеа кон останатите поизводители на вакцини, а трети земји пак, набавуваат милионски дози од оксфордската вакцина за масовна имунизација на населението. По појавата на случај на 28- годишна девојка, кај која по вакцинирањето во Србија се појавиле симптоми на тромботична реакција, неколкумина македонски лекари порачаа дека станува збор за екстремно ретка појава, со инциденца на јавување од 1 на 125.000 до 1 на 1.000.000 вакцинирани индивудии.

-повеќе на темата: Први компликации со вакцината на „АстраЗенека“ во С. Македонија

Специјалистот хематолог д-р Ирина Пановска-Ставридис апелира до граѓаните да бидат спокојни во врска со имунизацијата против Ковид-19, бидејќи несаканиот ефект на тромботична реакција по примена вакцина на „АстраЗенека“ е екстремно редок и во голема мера совладлив.

Директорката на Универзитетската Клиника за хематологија, каде се лекува 28-годишна девојка, за „Сакамдакажам“ вели дека не постои тест со кој може да се предвиди појавата на оваа состојба, ниту лек кој може да спречи.
„Најважно е да запаметиме дека придобивките од вакцинацијата за Ковид-19 се неспоредливо поголеми од ризикот од евентуалните негативни ефекти“, укажува таа. 

Стоп за вакцината

Северна Македонија се одлучи да ја стопира вакцинацијата со „АстраЗенека“ на лица помлади од 60 години со цел дополнителна заштита на здравјето на населението до дефинитивната одлука на Европската агенција за лекови (ЕМА).

Serbien Nis | Bürger aus Westbalkanregion warten auf Impfung

Дилемите околу вакцината особено зачестија откако илјадници македонски граѓани изминатиов период ја искористија можноста за вакцинација во соседна Србија.

Дилемите околу вакцината особено зачестија откако илјадници македонски граѓани изминатиов период ја искористија можноста за вакцинација во соседна Србија. Тие се во недоумица дали да ја примат и втората доза на вакцината. Лекарите советуваат консултација со матичен лекар ако во период помеѓу 4 и 21 ден од примање на Ковид-19 вакцина „АстраЗенека“ се појават симптоми како губиток на здив, болка во гради или стомак, оток или студенило на ногата, силна или невообичаена главоболка или заматен вид.
Професорот на Медицинскиот факултет, Нико Беќаровски  преку социјалните мрежи порачува дека луѓето не се машини и секоја индивидуа има свои карактеристики.„ За жал во таа убавина на 7 милијарди различности, лежи проблемот со примената на секој лек и вакцина. Во медицината едноставно не постои 100%, 1+1 не е секогаш два. Сите кои имате различни коморбидитети, напредната возраст, можеби оправдано сте исплашени од вакцинацијата, но барем моето лично мислење е дека треба да сте десет пати повеќе исплашени од инфекцијата“, вели тој. 

Поголема смртност од „Фајзер“

Доктор Владимир Ристовски од Ковид центар „8 Септември“ деновиве во телевизиско гостување потенцираше дека над 12 милиони граѓани од кои само 6 пројавиле компликации и само еден летален исход. Многу поголема е смртноста во однос на клинички студии од „Фајзер“ одошто од „АстраЗенека“. Во однос на клиничките испитувања во САД, 3-4 испитаници добиле реакција од вакцината, а во Британија на 24.000 од кои 1-2 пројавиле компликации.

-повеќе на темата: Ковид-вакцини: Јојо со АстраЗенека и некои позитивни новости

И претседателката на Комитетот за имунизација, Александра Грозданова деновиве порача дека нема простор за паника поради вакцината на „АстраЗенека“ и дека бројот на несакани реакции е минимален. „Воопшто нема потреба за паника, бидејќи досегашните известувања велат дека последиците немаат корелација со оваа вакцина. Граѓаните не треба да паничат што ја примиле првата доза, но сепак постојат насоки дека доколку почуствуваат болка, главоболка, болка во пределот на амбдоменот зголемување на вените и слично, да се јават кај своите матични лекари“, изјави Грозданова за Телма.

Nord Mazedonien Corona Impfung in Skopje

Засега со „АстраЗенека“ се вакцинираат лицата постари од 77 години

Засега со „АстраЗенека“ се вакцинираат лицата постари од 77 години. Министерот за здравство, Венко Филипче оцени дека вакцинацијата се одвива добро. Во однос на ставовите на Германија и Канада конкретно за таа вакцина за Ковид-19, посочи дека одлучиле да бидат внимателни, да се оди полека и да се чека дефинитивна потврда дека вакцината е безбедна.

Дилеми

 „Проблемот со стопирањето на вакцинацијата со вакцината на „АстраЗенека“ е смешен во однос на употребата на токсични дози антибиотици кај нас“, укажува микробиологот, професор доктор Никола Пановски. Според него, сосема очекувани биле нападите за вакцината на оваа компанија оти е единствена што не работи со профит. „Оваа вакцина чини 4,5 долари, тоа е десет-единаесет пати помалку од останатите што се нудат и кај нас. Компанијата работи без профит и вакви напади се логични. Зошто граѓаните не се загрижат за смртноста од вакцината на „Фајзер“ на пример? Зошто нема врева за оваа вакцина? Смртноста од „Фајзер“ е поголема од смртноста од „АстраЗенека“. Од „Фајзер“ има 1,5 смртен случај на 100.000, а од „АстраЗенека“ еден случај на 100.000“, вели Пановски.

Гледај видео 15:47

„Вакцината е единствено решение за излез од Ковид-кризата“

-повеќе на темата: Нови дилеми привремено ќе го сменат списокот за вакцинирање

Германската комисија за вакцини, позната како СТИКО, вчера препорача луѓето под 60-годишна возраст кои се вакцинирале со првата доза на вакцината на АстраЗенека, дека треба да добијат втора доза од некоја од другите вакцини.  Претходно Германија објави дека само на луѓе на возраст од 60 години и повеќе треба да се администрира вакцината „АстраЗенека“ поради ретката, но сериозна појава на тромбоемболиски несакани ефекти. Во неа се вели дека подоцна ќе даде посебна препорака за помладите луѓе кои веќе добиле прв истрел.Вакцинациите за Messenger RNA (mRNA) ги вклучуваат оние направени од Фајзер, Бионтек и Модерна. 
Британската Агенција за лекови, пак, во последниот извештај наведува дека во земјата се регистрирани 30 случаи на згрутчувања на крвта по аплицирање на вакцината „Астра Зенека. Според агенциите, оваа бројка е за 25 случаи поголема од претходниот извештај.