Нетанјаху: Ќе ја постигнеме целта | Свет | DW | 14.05.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Нетанјаху: Ќе ја постигнеме целта

Силни експлозии, повредени деца, повторно синагога која гори - ново насилство во Појасот Газа и во Израел. Израелскиот премиер Нетанјаху најави натамошни одмазднички напади.

Во одделението за интензивна нега во болницата Шифа во Појасот Газа се лекуваат повредени лица во израелските напади. Сликите на агенцијата Асошиетед прес прикажуваат деца изврзани со завои на рацете, нозете и горниот дел од телото.

„Овде, во најголемата болница во Газа, лекуваме претежно тешко повредени, меѓу нив и жени, деца, старци - сите возрасни групи“, вели директорот на клиниката Мохамад Абу Селмиа. „Има многу рани од шрапнели. Моравме и да ампутираме раце или нозе на деца.“

Потоа лекарот зборува за тешката ситуација во болницата - и онака тешката ситуација поради немањето струја, сега е потешка поради тоа што електрична енергија снемува уште почесто. На клиниката ѝ недостига гориво за генераторите, како и лекови и друга опрема.

Israel | Gaza | Konflikt

Израел сака да продолжи со нападите (Кан Јунис, 13.05.2021)

„Ги штитиме нашите граѓани“

Во текот на ноќта здравствените власти во Појасот Газа јавија за 109 загинати од почетокот на борбите во понеделникот, како и за 600 повредени лица. Нападите на израелската армија се насочени против Хамас и други вооружени палестински групи, но во густо населениот Појас Газа често погаѓаат и цивили.

Израел сака да продолжи со нападите. Премиерот Бенјамин Нетанјаху зборува за голем интензитет и објаснува дека последниот збор сѐ уште не е кажан. При посета на локација каде е поставен систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“, кој во изминатите денови пресретна многу ракети испукани од Газа во насока на Израел, Нетанјаху рече: „Армијата има веќе нападнато стотици цели. Наскоро ќе бидат повеќе од илјада. И натаму ќе го гаѓаме Хамас и ќе ги штитиме нашите граѓани. Ќе трае, но со голема одлучност, со одбрана и офанзива, ќе ја постигнеме нашата цел - мир за Израел.“

Israel I Ausschreitungen in der Stadt Lod bei Tel Aviv

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објаснува дека последниот збор сѐ уште не е кажан

„Продолжете со цела сила!“

Израелската армија во меѓувреме мобилизираше околу 14.000 резервисти и распореди трупи долж границата со Газа. Непосредно по полноќ армијата соопшти дека Појасот Газа ја нападнале воздушни и копнени сили. Иако не беа соопштени други детали, израелските дописници за воени прашања јавија дека не станува збор за копнена инвазија и дека трупите гаѓаат со артилерија од израелската страна на границата. Жители во Појасот Газа кои живеат во близина на границата изјавија дека не виделе израелски копнени сили во енклавата, но зборуваат за тежок артилериски оган и десетици воздушни напади. Израелската армија изутринава се извини за лошата комуникација во врска со наводниот влез на копнени сили во Појасот Газа.

Повеќе:

„Животното осигурување“ на Израел

Џо Бајден: Израел има право на самоодбрана

Израел и Хамас во ракетна војна: Нападнат и Тел Авив

Источен Ерусалим - тест за односите на Израел и арапскиот свет

Израел сака да ја постигне својата воена цел - значително ослабување на Хамас и други групи - со што е можно помалку сопствени загуби. „Навистина мислам дека ќе бидат доволни неколку денови“, изјави генералот Нимрод Алони, кој командува со дивизијата стационирана во граничното подрачје. „Но, не верувам дека прашањето треба да се врти околу тоа, туку треба да се врти околу штетите што Хамас би можел да ги предизвика. Од военото и политичкото раководство добив наредба: Продолжете со цела сила! Имате апсолутна поддршка и ќе добиете сѐ што ви е потребно за да го притискате Хамас и натаму.“

Israel Soldaten an der Grenze nach Gaza

Израелски војници на границата со Појасот Газа

Повторно гореше синангога

Во текот на ноќта повторно многу израелски места беа гаѓани со ракети. Особено беше погоден граничниот регион со Појасот Газа. Израелската армија ги повика жителите во радиус од 4 километри од границата да се засолнат и да останат во скривниците. 

Во крајбрежниот град Ашкелон ракета директно погоди куќа и притоа е повредено едно лице. Вкупно во текот на ноќта во Израел има осум жртви, а стотици луѓе се повредени.

Во меѓувреме во многу израелски градови повторно дојде до тешки судири помеѓу арапските жители и безбедносните сили. Во градот Лод повторно гореше синагога. Исто така, повторно имаше и напади на еврејски врз арапски жители на Израел и обратно.