1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Israel Knesset | Netanjahu und Bennett
Бенјамин Нетанјаху (л.) и Нафтали Бенет се ракуваат по гласањето во КнесетотФотографија: Ronen Zvulun/REUTERS

Крајот на ерата на Нетанјаху е запечатен

Кристијан Валц
14 јуни 2021

Израелскиот парламент го отвори патот за првата влада во Израел без Бенјамин Нетанјаху на врвот по цели 12 години. Новата коалиција доби тесно мнозинство гласови.

https://p.dw.com/p/3uqfY

Никој не управувал подолго со судбината на Израел одБенјамин Нетанјаху. Тој беше на премиерската позиција цели 12 години без прекин. Претходно, конзервативниот политичар веќе беше премиер во 1990-тите. Сега ерата на 71-годишниот Нетанјаху е завршена, барем засега.

На противниците на Нетанјаху им успеа да сковаат коалиција од осум партии за да го симнат од власт. Полтичкиот спектар на партиите во коалицијата е широк, а првпат во владата има и една арапска партија. Новата коалиција вчера во израелскиот парламент, Кнесетот, доби тесно мнозинство гласови. За неа, по бурна расправа, гласаа 60 од вкупно 120 пратеници, против беа 59-мина, а еден беше воздржан.

Нов премиер на Израел ќе биде Нафтали Бенет од ултрадесничарската партија Јамина. Согласно коалицискиот договор, 49-годишниот Бенет би требало да раководи со владата до август 2023 година. Потоа на ред е Јаир Лапид, лидер на либералната партија „Има иднина“. Лапид доби мандат за составување влада по изборите, но, за коалицијата воопшто да биде формирана, му даде предност на Бенет за премиерската функција. Партијата на Бенет има само седум пратенички места. Најсилна партија во Кнесетот е Ликуд на Нетанјаху, со освоени 30 места, а втора е партијата на Лапид со 17 пратенички места.

Israel Unerstützerinnen der neuen Regierung in Tel Aviv
Славје на поддржувачите на новата влада во Тел АвивФотографија: Corinna Kern/REUTERS

Бенет во својот говор во парламентот, кој беше прекинуван постојано со извици од членови на таборот на Нетанјаху, се изјасни против враќање кон Меѓународниот атомски договор со Иран. Тој го предупреди исламистичкиот Хамас од „железен ѕид“ доколку и натаму напаѓа цели во Израел и рече дека земјата ќе се залага за приближување до други арапски држави во време на неговиот мандат

Нетанјаху до последно се обидуваше да спречи коалиција на своите политички противници. Тој го обвини Бенет дека ги излажал своите избирачи. Пред гласањето рече: „Ако мора да одиме во опозиција, ќе одиме, сѐ додека не ја собориме оваа опасна влада.“ Тој потсети и дека во минатото се враќал од опозиција на власт. „Наскоро повторно ќе се вратиме“, рече Нетанјаху на англиски јазик.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Зградата на бугарскиот парламент

РСМ - тема и на последната седница на бугарското собрание

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница