Западен Балкан: Еден по еден или заедно во ЕУ? | Свет | DW | 17.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Западен Балкан: Еден по еден или заедно во ЕУ?

Новата стратегија за Западен Балкан на ЕУ отвора перспектива веќе во 2025-та првите држави да станат членки. Тоа е потребно и исправно, сметаат експерти за Југоисточна Европа, но има и критики за процесот.

Од 2003-та има потврда: ЕУ им подава рака на земјите од Западен Балкан за членство во Унијата.  Но, првичниот поттик помина, сјајот избледе. Кој, кога и како ќе биде примен е нејасно и одговорот е поместен во подалечната иднина. Во Солун во 2003-тата дадената потврда за интегративниот процес веќе не е веродостојна, вели за ДВ Гернот Ерлер, поранешен министер и претседател на Друштвото за Југоисточна Европа. Тоа пак допринело државите да потпаднат под други влијанија. „Во оваа трка на стратегии во минатото имаше обиди од Кина, Русија, Турција и од арапските земји да имаат свое влијание во Западен Балкан", изјави Ерлер на годишното собрание на Друштвото во Минхен. Тој го поздравува фактот дека новата ЕУ- стратегија содржи конкретен акционен план во кој сите може да учествуваат.
Покритичка е оцената на Флоријан Бибер, професор на Институтот за Југоисточна Европа во Грац: „Добри во дијагнозата, лоши во предлозите", резимира тој. Стратегијата е добра бидејќи во неа Комисијата за прв пат ги идентификува проблемите во регионот. Се споменуваат влијанието на приватни интереси во јавниот сектор, организиран криминал, корупција, проблеми со правниот поредок. Лоша е, според Бибер, бидејќи предлозите се „недоџвакани". „Се избегнува директна конфронтација со оние кои ги предизвикуваат наведените проблеми."

Florian Bieber Politologe Uni Graz (privat)

Флоријан Бибер: Предлозите во Стратегијата се „недоџвакани“

На потег се граѓаните на Балканот

А, тоа според Бибер често пати се владејачките елити. Тој предупредува при реализацијата на Стратегијата акцентот да не се става само на нив и да се запостават опозициските сили: „Треба да се погрижиме за тоа опозицијата да не западне во антиевропски националистички дискурс", вели Бибер.
Особено Косово и Србија се моментално ранливи во тој поглед: „И тоа би било најголемата опасност, ЕУ да се поврзе со автократите во земјите и истовремено да ја изгуби опозицијата која се обидува да врши демократски притисок."
Пратеникот од редовите на СПД Јосип Јуратовиќ гледа голем проблем во владејачките елити на Балканот. Има многу политичари кои „апсолутно не сакаат да влезат во ЕУ бидејќи таму има систем што функционира, правна држава, а во такво општество не гледаат шанса за себе", вели Јуратовиќ кој одговорноста за тоа сака да ја префрли на граѓаните на Балканот. „Какви граѓани, таква политика, за жал", вели Германецот со хрватско потекло, свесен за развојот на Западен Балкан. „Не сакаме колонии, сакаме партнери во демократска смисла."

Josip Juratovic (Reiner Pfisterer)

Јосип Јуратови: Какви граѓани, таква политика

Наведениот датум само како поттик

За пратениците од Бундестагот е јасно: може да пристапи само оној што ги исполнува условите. Така Мануел Сарацин, пратеник од редовите на Зелените, предложениот датум 2025-та за Србија и Црна Гора го разбира како поттик политиката да покаже дека до тогаш можат да испорача резултати, а не како цврста согласност. „Ако до 2025-та националните политички елити не испорачаат поконкретни резултати, ќе мораат на нивните гласачи и граѓани да им објаснат зошто тоа не се случило, иако било можно", вели Сарацин.

Повеќе на темата: 

Западен Балкан - геостратешка инвестиција на ЕУ

ЕУ го сака Балкан, токму сега!

Стратегијата на ЕК - патоказ за Македонија и за балканската шесторка

И пратеникот од ЦДУ Петер Бајер останува на принципот на кондиционалноста како единствен критериум и тоа значи дека „конкретни мерки мора да бидат преземени во реформите на јавната администрација, правната држава, борбата со организираниот криминал и корупцијата. Мора да се фатат за работа и законите не само да ги донесат на хартија, туку да ги практикуваат и во реалноста", вели Бајер. Притоа и парламентите играат голема улога: „Тие мора да се еманципираат. Тие се посебна сила и тоа мора да го сфатат и соодветно на тоа да делуваат", вели политичарот од ЦДУ.

Михаел Шмунк нема високо мислење за регата-принципот, Србија и Црна Гора да влезат во ЕУ пред другите земји. Дипломатот беше претставник на Германија во Сараево и Приштина и денес работи како експерт за Југоисточна Европа во различни тинк тенкови. „Тогаш за останатите четири држави, особено Косово и Босна, кои имаат најтешка ситуација, ќе биде тешко на крај да успеат", вели Шмунк и во контекст на недостигот на одушевување за натамошни проширувања во ЕУ. Тој предлага шесте балкански држави да се поврзат и да направат заедничка стратегија за да ја неутрализираат скепсата во ЕУ. „Мислам дека тогаш има шанси еден ден да бидат примени во пакет."

 

DW.COM

Реклама