1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Mazedonischer Premierminister Zoran Zaev Rede vor dem Europaparlament
Фотографија: Reuters/V. Kessler

Заев нуди прочка за 27 април и помирување

БГ
15 октомври 2018

Македонскиот премиер денеска од собраниската говорница понуди простување за крвавиот упад на 27 април и повика на обединување за влез во НАТО и ЕУ

https://www.dw.com/mk/%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2-%D0%BD%D1%83%D0%B4%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%87%D0%BA%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-27-%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BB-%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5/a-45893109

Премиерот Зоран Заев нуди простување и помирување во замена за гласање за уставните измени со кои треба да се усвои Преспанскиот договор. Во дебатата за уставните измени која денеска започна во Собранието, Заев порача дека „ова е одлична прилика застанувајќи заедно за Македонија и за иднината на Македонија, да си простиме и да се помириме“.

Иако не го употреби терминот амнестија, Заев во неколку наврати повторуваше дека нуди „помирување и простување“.

„Одличен момент е да си простиме и да се помириме. Испраќам порака за помирување и простување за 27 април и настаните што се случија“.

Заев ги повика пратеници од мнозинството и од опозицијата да си подадат рака едни на други. Вели дека е свесен оти за тоа ќе плати политичка цена, но е подготвен да го стори тоа.

„Знам дека тоа има цена и подготвен сум да ја платам таа политичка цена. Политичари доаѓаат и заминуваат но Македонија и народот опстануваат засекогаш. Нема друг начин да се помири народот ако ние овде не се помириме“, вели Заев.

повеќе: Меркел го храбри Заев: Парламентот да одлучи за уставните измени

Ова е првпат отворено македонскиот премиер да понуди амнестирање за настаните од 27 април. Досега тој во неколку наврати отсечно отфрлаше било какво пазарање за уставните измени во Собранието со евентуална амнестија за крвавиот напад и други кривични дела за кои се обвинети високи функционери на поранешната влада.


Последен пат, Заев тоа го стори во интервју за германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ минатата недела, кога рече дека многу поранешни владини политичари „се надеваат дека ќе ја избегнат одговорноста преку амнестија или на друг начин“.
Тој тогаш тврдеше дека тоа нема да се случи.

повеќе: Заев за ФАЦ: Договор со ВМРО-ДПМНЕ оваа или следната недела
„Доколку има амнестија од политички причини тоа веројатно би го протуркало договорот со Грција и промената на името во Собранието со гласовите на амнестираните, но со тоа ќе си ја уништиме иднината во ЕУ и НАТО. Затоа што еден од критериумите за влез во овие организации е функционалното владеење на правото. Ако почнеме да амнестираме политичари од политички причини, веднаш ќе започне уништувањето на нашата правна држава. Пораката ќе биде: За сѐ во оваа земја може да се преговара, секој може да се обиде да избега од правдата. Тоа е неприфатливо“, рече Заев за ФАЦ минатата недела.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Конечно шини на Коридорот 8?

Пругата наречена „желба“ ќе влезе во графата - изградба

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница