Заев за ДВ: Пријателство со Алексис до крајот на животот | Северна Македонија | DW | 16.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Заев за ДВ: Пријателство со Алексис до крајот на животот

Премиерот на Северна Македонија, Заев во интервју за ДВ, го истакнува значењето на Преспанскиот договор, поради кој заедно со грчкиот колега Ципрас денеска ја прима наградата на Минхенската безбедносна конференција.

„Мислам дека изградивме такво убаво пријателство со Алексис кое нема да заврши до крајот на животот. Но сакам граѓаните на Северна Македонија и граѓаните на Грција да изградат вакво пријателство“ истакнува премиерот Зоран Заев во интервјуто за ДВ направено непосредно спроти врачувањето на наградата „Евалд фон Клајст“ на Минхенската безбедносна конференција.

Премиерот на Северна Македонија истакнува дека оваа награда претставува голема чест за него лично но и за земјата и во прв ред значи нејзино претставување во позитивно светло. „Договорот кој го постигнавме со Грција е навистина прекрасен модел како се решаваат и вака тешки суштествени прашања, како идентитетски прашања, прашања на имиња на разграничување на региони или слично, и моделот може навистина да биде употреблив насекаде во светот за решавање на вакви прашања“, истакна Заев.

Тој, истакнува дека за неговата земја нема подобро решение од Преспанскиот договор ниту пак некој понудил такво нешто. Заев во интервјуто се осврнува и на внатрешно-политичките прашања во Македонија, во прв ред на претстојните претседателски избори, но и на дијалогот меѓу Србија и Косово. За тоа повеќе во следново видео- интервју:

 

Гледај видео 18:55

„Презентирање на Северна Македонија во позитивно светло“

Аудио и видео прилози на оваа тема

Поврзана содржина

Реклама