1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Nord-Mazedonien Skopje | Wirtschaftsforum | Aleksandar Vucic, Zoran Zaev und Edi Rama
Фотографија: Boris Grdanoski/AP Photo/picture alliance

Заев, Вучиќ, Рама: Отворено писмо за Отворен Балкан

СН/агенции
18 декември 2021

Македонскиот премиер, Зоран Заев, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Албанија, Еди Рама, во отворено писмо ги повикаа сите земји во регионот да се придружат кон иницијативата Отворен Балкан.

https://www.dw.com/mk/%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2-%D0%B2%D1%83%D1%87%D0%B8%D1%9C-%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0-%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%BE-%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE-%D0%B7%D0%B0-%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD-%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%B0%D0%BD/a-60180719

„Ја користиме оваа прилика и уште еднаш ги повикуваме сите наши соседи да ни се придружат за да им ги понудудат на своите граѓани поволностите што им ги нудиме ние на нашите граѓани“, се порачува во отвореното писмо, пред наредниот состанок на иницијативата Отворен Балкан, кој е планиран за 20 и 21 декември во Тирана. Се наведува дека, иако иницијативата Отворен Балкан досега ги опфаќа само С. Македонија, Србија и Албанија, таа била и ќе остане отворена за сите на Западен Балкан, се нагласува во писмото.

Лидерите потенцираат дека нивна визија е да ги надминат социјалните, економските и трговските препреки кои го забавуваат растот во регионот низ остварување на четирите основни слободи во ЕУ.

Се нагласува дека низ слободата на движење на луѓето, стоката, капиталот и услугите, со соработка може да се поттикнат трговијата и економскиот раст и така да се олесни животот на граѓаните.

Повеќе: Заев вели дека Пендаровски „нема ингеренции“ за Отворен Балкан

Во отвореното писмо тројцата лидери потенцираат оти Европа не е само континент, туку и визија, но дека граѓаните на Западен Балкан, како составен дел од континентот и од таа визија, долого се изоставени. Се оценува оти желбата на граѓаните да станат дел од семејството на ЕУ од време на време е игнорирана поради внатрешната политика на земјите членки, неисполнување на дадените ветувања и стравот од иднината.

Nord-Mazedonien Skopje | Wirtschaftsforum | Aleksandar Vucic, Zoran Zaev und Edi Rama
Фотографија: Boris Grdanoski/AP Photo/picture alliance

Тоа, како што велат, довело до фрустрации, нестабилност, емиграции и недостаток од големи инвестиции.

„Во ноември 2019 година потпишавме прелиминарен договор за унапредување на таканаречениот Берлински процес за преземање подлабока регионална соработка“, се наведува во писмото.

Повеќе: Пендаровски: Се сомневам дека Заев би напишал такви небулози за мене

Се потсетува дека веќе се потпишани договори кои им овозможуваат на граѓаните слободно да работат во соседните држави, кои ги намалуваат граничните контроли за влез на стока и воспоставуваат механизми за слободно патување на граѓаните во овие три земји, како што граѓаните на ЕУ патуваат меѓу земјите членки.

Исто така, се нагласува оти иницијативата Отворен Балкан покажала ефикасност и корисност и во тешките времиња на пандемијата на коронавирусот.

„Често обвинети дека сме 'буре барут' во Европа, ние како одговорни лидери не можеме да дозволиме нашиот регион да се врати во кошмарите од минатото додека ЕУ не успее да направи повеќе за проширувањето во оваа фаза. Имаме свои поделни, за некои политички прашања, не се согласуваме, но сите се согласуваме дека економијата и четирите основни слободи на ЕУ се најдобриот начин да се даде надеж на нашиот регион за траен мир“, се вели во писмото.

Serbien Balkan Gipfel in Belgrad l Präsident Vucic, Premierminister Rama, Premierminister Dimitrov
Фотографија: Darko Vojinovic/AP/picture alliance

Притоа се истакнува дека Отворен Балкан не е утешна награда наместо членство во ЕУ, туку голем чекор кон тоа.

„Како што Заедницата за јаглен и челик му претходеше на раѓањето на Европската унија по Втората светска војна, Отворен Балкан ќе остане запаметен како момент, кој ги приближи нашите народи до Унијата“, нагласија и Заев, Вучиќ и Рама

Тие истакнаа дека некои европски лидери и американската администрација веќе изразија поддршка за иницијативата, како и претприемачи, земјоделци и студенти од целиот Западен Балкан и им се заблагодарија за тоа.

Тројцата лидери веруваат дека сега целата ЕУ мора да се обедини и целосно да го поддржи Отворен Балкан, како и да ги повика другите соседи да ја трансформираат сеопфатноста на иницијативата од потреба во акција.

„Време е сите народи и народи во регионот да се обединат за подобра заедничка иднина која нуди стабилност, мир и повисок животен стандард за сите и која ќе ги надмине несогласувањата од минатото“, заклучија тројцата државници во отвореното писмо.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Зградата на владата на Република Северна Македонија

Инаетот како главен енергенс

Mazedonien DW-Korrespondentin aus Skopje, Katerina Blazevska
Катерина Блажевска
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница