1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Symbolbild Klimawandel Kohlekraftwerk Schwarze Pumpe
Фотографија: imago/photothek

Поради загаден воздух 30 илјади предвремени смртни случаи

ДТЗ
26 јануари 2022

Студиите покажуваат дека само електраните на јаглен во Западен Балкан предизвикуваат економска штета која се движи помеѓу 1,2 и 3,4 милијарди евра годишно за трошоците за здравствена заштита.

https://www.dw.com/mk/%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B4%D1%83%D1%85%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-30000-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BC%D1%80%D1%82%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%B0%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%BB%D0%BE%D1%88%D0%BE-%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%82/a-60556030

Според последните податоци на Европската агенција за животна средина, лошиот квалитет на воздухот во регионот предизвикува повеќе од 30.000 предвремени смртни случаи, а Заедничкиот истражувачки центар на ЕУ укажува на фактот дека загадувањето на воздухот во просек придонесува за намалување на животниот век помеѓу 0,4 и 1,3 години во земјите од Западен Балкан.

Студиите покажуваат дека само електраните на јаглен во Западен Балкан предизвикуваат економска штета која се движи помеѓу 1,2 и 3,4 милијарди евра годишно за трошоците за здравствена заштита. 

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број на предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување на јавното здравје. Затоа е неопходно итно да се подобри квалитетот на воздухот и јавното здравје, преку надградба на здравствените системи“, се укажувањата на Европскиот фонд за Балканот при овомесечната имплементација на третата фаза од кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ со партнерите од регионот. 

Целта на оваа етапа од кампањата е да се информираат граѓаните за последиците од загадувањето врз стапката на смртност и здравјето во Западен Балкан и да се поканат да се вклучат во борбата за подобрување на квалитетот на воздухот. 

Како да се намали загадувањето 

Барањата на кампањата „Балкан обединети за чист воздух“ се да се постави намалувањето на загадувањето на воздухот како национален, регионален и меѓународен приоритет и да се интегрира во сите процеси на планирање.

Потребно е и зголемување на буџетските средства за контрола на загадувањето и воспоставување системи за следење на загадувањето и неговите здравствени ефекти. Исто така, треба да се изградат мултисекторски партнерства на локално, национално и регионално ниво за да се подобри контролата на загадувачите и да се подобри квалитетот на воздухот.

„Спречувањето на незаразните болести кои произлегуваат од лошиот квалитет на воздухот мора да биде интегрирано меѓу приоритетите на политиката за животна средина и здравје“, велат од „Обединет Балкан за чист воздух“.

Аерозагадување - новиот симбол на Балканот

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница