ЕУ со нови правила за цигарите | Европа | DW | 21.06.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

ЕУ со нови правила за цигарите

ЕУ сака да ги заостри правилата за тутунските производи, со што треба да се делува превентивно пред се‘ кај младите генерации. Се предвидуваат шокантни слики на пакувањата и забрана за цигари со силни ароми.

Министрите за здравство на земјите членки на ЕУ постигнаа договор најмалку 65% од површината на пакувањата на цигарите во иднина да бидат задолжително покриени со предупредувања и застрашувачки слики. Текстови од типот „Пушењето убива“ и сега се обврска, но ново е тоа што на пакувањата треба да има слики кои ќе шокираат, како нозе на пушачи, расипани заби од пушење, пациенти во болнички кревети. Вакви фотографии веќе има на пакувањата во повеќе земји во Унијата, но тоа не важи за цела ЕУ.

Во иднина треба да се забранат и ароми кои силно го менуваат вкусот на цигарите, како ментол-цигарите. И покрај тоа што имаше предлози за забрана на тенките цигари, тие сепак би требало и натаму да останат во продажба. Построго треба да се регулира и продажбата на електронските цигари со никотин. Во зависност од степенот на никотин во цигарите, за дел од нив ќе биде потребна дозвола каква што се издава за лековите.

За новите правила согласност треба да даде и Европскиот парламент. Тутунските концерни најавија дека ќе се борат против плановите за реформи и се заканија со тужби до највисоките судски инстанци.