ЕУ скапо би ја чинело намалување на увозот од Кина | Економија | DW | 25.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

ЕУ скапо би ја чинело намалување на увозот од Кина

И пред пандемијата на коронавирус и хаосот кој таа го создаде во глобалниот синџир на снабдување, во ЕУ се зборуваше за „стратешка автономија“ во однос на увозот. Но, кога ќе се пресметаат последиците, тоа е скапо.

Дури и пред пандемијата, Европа чувствуваше колку е зависна од глобалната трговија: тогаш тоа беа, на пример, некои антибиотици и лекови. Со пандемијата, се сфати дека зависноста е уште поголема затоа што проблемите се движеа од заштитни маски до делови за сите можни машини, вклучително и оние со кои може да се произведат вакцини.

Многу стоки стигнуваат од Кина, но не само од таа земја: Европа зависи од испораките и увозот до степен до кој оваа зависност може да биде опасна. И поради тоа што испораката доцни - како што се случува сега поради нарушување на превозот, но и поради политички причини и несогласувања.

Зависноста се движи од суровини и едноставни производи до висока технологија и чипови. Не е изненадување што Германија се залага за Европа да располага со сопствено производство на чипови – затоа што фабриките за автомобили не произведуваат толку колку што можат, а сега за тоа и Брисел веќе покажа разбирање.

„Стратешка автономија“ на Европската унија

Бидејќи многу земји од ЕУ сфатија колку се зависни од увозот, и Европската комисија оваа пролет донесе план за создавање на „стратешка автономија“ на Европската унија. Како што пишува „Ноје цирхер цајтунг", оваа доктрина предвидува „отворена стратешка автономија“ каде што треба да се биде „што е можно поотворен и автономен кога е потребно“.

Звучи добро и разумно, но само на хартија. Бидејќи, како да се дефинира што е „стратешко“ и што дефинитивно треба да може да се произведе во Европа, а што не е толку важно? На пример, индустријата за мебел сега има проблеми бидејќи нема банални метални делови. Дефинитивно можат да се произведат и во Европа, но не по цена што ја обезбедуваат фабриките во Кина или Индија.

-повеќе: 

Кина - партнер или ривал? И двете!

Балканот - прва кинеска колонија во Европа?!

Кина, неомилен победник во годината на корона

ЕУ се спрема за економска војна?

Ова е токму она што го истакнува швајцарскиот весник: глобалната трговија доведе до огромен пад на цената на производите, а со тоа и до фактот дека обичните граѓани можат да си дозволат многу повеќе отколку што можеа да си дозволат во 1960 -тите или 1970 -тите години. И секој облик на поттик за „домашно“, односно европско производство, нужно ќе доведе до „протекционистичка кочница на таквото зголемување на благосостојбата“.

Griechenland Thessaloniki Lagerhalle für die Aufnahme von Flüchtlingen

Фирмите одамна се откажаа од складови, зашто тие се скапи

Длабока рецесија

Институтот за светска економија во Кил создаде компјутерска симулација на Европа која би била „стратешки автономна“ и разгледа колку тоа ќе чини. Резултатот е недвосмислен: „Ако ЕУ го напушти меѓународниот синџир на снабдување или само испораките од Кина, тоа ќе ги чини земјите од ЕУ стотици милијарди евра“.

Во пресметката, експертите тргнаа од претпоставката дека ЕУ значително би го попречувала увозот - дури и без да воведе дополнителни царински давачки, туку да прибегне кон мерки за поддршка на домашното производство: делење јавни тендери, даночни олеснувања и други форми на поддршка за „стратешки компании". Ваквите мерки тешко дека ќе останат без последици кај партнерот, па затоа во симулацијата експертите зедоа во прдвид квоти за увоз, па дури и забрани за одредени стоки од Европа.

Доколку ЕУ еднострано преземе такви мерки, нејзиниот „БДП би бил околу 580 милијарди евра помал секоја година во споредба со референтниот за 2019 година, што е за 3,5% помалку отколку без такви заштитни мерки“. И ако на тоа се додадат последиците од контрамерките на европските партнери, тогаш загубата би се зголемила на 870 милијарди евра, или 5,3% од БДП. Со оглед на тоа што економскиот раст на ЕУ во таа референтна година беше 1,6%, јасно е што би значело тоа: длабока рецесија.

Полесно е да се напише отколку да се реализира ...

Се разбира, економистите во Кил исто така сфаќаат дека оваа зависност на Европа од увоз е и опасна - и скапа, како што сега може да се види кога постојат тешкотии во снабдувањето. Недостатокот на чипови веќе значи дека европските фабрики не можат да ги исполнат нарачките, без разлика дали се тоа Дајмлер, Фиат или Сименс. Но, тие советуваат различни мерки: „Мрежата на добавувачи треба пошироко да се постави, да се форсира рециклирањето и да се подобри системот за складирање“.

Но, дури и тоа е полесно да се напише отколку да се спроведе: сигурен партнер за испорака нема да се најде некаде преку ноќ. Рециклирањето може донекаде да ја намали зависноста од одредени суровини, но за некои тоа е всушност невозможно или далеку од исплатливо. А, кога станува збор за складирањето, европските производители ги намалуваат трошоците со години, организирајќи испорака „точно на време“ - практично нема складирање и нема трошоци за тој простор и персоналот во него.

Но, кога деловите едноставно не пристигнуваат - тогаш и тоа е многу, многу скапо.