ЕУ: Светлост на крајот на Ковид-тунелот, олеснети патувања | Свет | DW | 25.05.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

ЕУ: Светлост на крајот на Ковид-тунелот, олеснети патувања

Брзиот напредок во вакцинирањето против коронавирус во земјите на ЕУ дава надеж за скоро ублажување на рестрикциите и поедноставени патувања. ЕУ ќе донира 100 милиони дози вакцини за сиромашните држави.

До крајот на овој месец речиси секој втор возрасен граѓанин во ЕУ ќе има примено најмалку една доза вакцина против Ковид-19, соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Брисел, по вториот ден на самитот на ЕУ, на темата пандемија. За разлика од претходната средба на шефовите на држави или влади на ЕУ, расположението во однос на пандемијата сега е подобрено. Вакцинирањето на почетокот на мај забележа голем напредок, што се должи на располагањето со поголеми количини вакцини, истакна фон дер Лајен. До 30 мај, според неа, во ЕУ ќе бидат лиферувани околу 300 милиони дози вакцини против Ковид-19, од кои 245 милиони ќе бидат веќе инјектирани. Во вториот квартал,од април до крајот на јуни, во членките на ЕУ ќе пристигнат вкупно 413 милиони дози, а во следните три месеци дури 529 милиони. Фон дер Лајен ја повтори целта- до крајот на јули најмалку 70% од граѓаните на Унијата да примат барем една доза вакцина.

Повеќе:

Европските ковид-пасоши влегуваат во сила од 1 јули

ЕУ се отвора за целосно вакцинираните патници

И покрај Ковид, шансите за летување се зголемуваат

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел изрази исто така воздржан оптимизам.

Во завршната декларација на самитот се навестуваат постепени отворања како последица на позитивниот тренд во масовната вакцинација, иако истовремено се повикува на претпазливост со оглед на вирусните варијанти.

ЕУ вети докрајот на оваа година на сиромашните земји да им донира најмалку 100 милиони дози, од кои Германија ќе испорача 30 милиони дози вакцини.