ЕУ лидерите ја потврдија одлуката за почеток на преговорите со С. Македонија | Северна Македонија | DW | 26.03.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

ЕУ лидерите ја потврдија одлуката за почеток на преговорите со С. Македонија

Првите луѓе на земјите-членки на ЕУ вечерва ја потврдија одлуката која претходно ја донесоа министрите за надворешни работи за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

На заседанието во вонредни услови и преку видео-конференциска врска кое во целост беше посветено на мерките за одбрана од пандемијата на коронавирусот, шефовите на држави и влади на земјите-членки на ЕУ ја потврдија одлуката за почеток на пристапните преговори.

Првата честитка пристигна од американскиот државен секретар Мајк Помпео на Твитер.

„САД ќе бидат ваш партнер на целиот пат“, порача Помпео.

Европската комисија е задолжена неодложно да изготви предлог за преговарачката рамка, по што ќе се одржи и првата меѓувладина конференција.
За Северна Македонија, за разлика од Албанија, нема дополнителни услови за почеток на преговорите.

 

DW.COM

Реклама