ЕУ: Казна за Фејсбук од 110 милиони евра | Економија | DW | 18.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕУ: Казна за Фејсбук од 110 милиони евра

Европската комисија го казни Фејсбук со 110 милиони евра за давање лажни информации во врска со преземањето на мобилната апликација за размена на информации, WhatsApp.

Европската комисија смета дека социјалната мрежа Фејсбук се послужила со неточни и лажни информации заради преземање на WhatsApp во 2014 година. Случајот беше истражуван шест месеци.

Најавувајќи преземање на WhatsApp, Фејсбук на ЕУ ѝ тврдел дека е неможно создавање автоматско порамнување меѓу корисничките конта на двете претпријатија. Но, во суштина, кај WhatsApp веќе тогаш постоела таква можност, убедени се бриселските служби.

Margrethe Vestager PK Brüssel Europäische Kommission (Getty Images/AFP/E.Dunand)

Маргрете Вестагер

Сепак, ЕК не планира повлекување на својата согласност за зделката вредна 22 милијарди долари. Уште во декември еврокомесарката за конкуренција Маргрете Вестагер критикуваше што најголемата светска социјална мрежа во врска со WhatsApp-дилот дала „погрешни податоци“. Таа е потврдена во ставот со најавата на Фејсбук од август 2016 година дека во иднина ќе ги поврзува телефонските броеви на корисниците на WhatsApp со Фејсбук-профилите.

„Денешната одлука испраќа јасен сигнал до компаниите дека треба да ги почитуваат сите аспекти на правилата на ЕУ за спојување, вклучувајќи ја обврската за обезбедување точни информации“, изјави Маргрете Вестагер.

Американски медиуми, меѓу кои „Фајненшл тајмс“ и „Вол стрит журнал“ известија за казната уште пред нејзиното објавување. Фејсбук засега не ја коментира казната.

 

Поврзана содржина

Реклама