Ердоган ги обвинува САД дека ја поддржуваат „Исламската држава“ | Свет | DW | 28.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ердоган ги обвинува САД дека ја поддржуваат „Исламската држава“

Турскиот претседател ги обвини западните земји дека ги прекршиле своите ветувања во Сирија, но и дека директно ги поддржуваат терористичките групи. САД демантираат.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тврди дека поседува докази за поддршката која коалицијата предводена од САД им ја дава на терористички групи во Сирија како што се Исламската држава и курдската милитантни групи ИПГ и ПИД.

„Тие не обвинуваа нас за поддршка на Даеш (Исламската држава. Но сега им даваат поддршка на терористички групи, вклучително и Даеш. Имаме докази, со фотографии и видеа“, тврди Ердоган.

Стејт Департментот експресно ги отфрли тврдењата на Ердоган  оценувајќи ги за „апсурдни“.

Ова не е првпат Ердоган да ги обвинува западните земји за поддршка на ИД. Слични обвинувања искажа и во ноември годинава при посетата на Пакистан, дополнувајќи дека ИД користи исклучиво оружје од западно производство.

Ердоган е фрустриран од неуспехот на турските трупи да го заземат Ал-Баб, сириски град на 25 километри јужно од турската граница кој е под контрола на „Исламската држава“. Турската армија започна офанзива во август годинава заедно со про-турски милиции во која досега загинаа најмалку 37 турски војници. Турскиот претседател смета дека изостанала очекуваната западна поддршка во офанзивата. Целта на операцијата е да се оневозможи обединување на курдските кантони во северна Сирија во една автономна област.Турција стравува дека таквиот ентитет би претставувал опасност и за неа поради бројното курдско малцинство.

„Коалициските сили, за жал, не ги исполнуваат своите ветувања“, изјави Ердоган.

„Дали ќе помогнат или не, ние ќе продолжиме одлучно по нашиот пат. Нема назад од патот кој си го утврдивме“, рече турскиот претседател алудирајќи на офанзивата во Сирија.

DW.COM

Реклама