Еди Рама и Бугарија: од срам за ЕУ, до „вистински пријатели“ | Северна Македонија | DW | 24.06.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Еди Рама и Бугарија: од срам за ЕУ, до „вистински пријатели“

Тој упати саркастични забелешки од Брисел, по што реагираше бугарското МНР. Препирката заврши со телефонски разговор со Бојко Борисов, по што Рама ги нарече Бугарите „вистински пријатели“

Албанскиот премиер Еди Рама влезе во клинч со Бугарија по вчерашната средба во Брисел, која што не вроди со позитивен епилог за европската интеграција на Западен Балкан. Тој отворено ја критикуваше Бугарија поради ветото кон Северна Македонија, а со тоа и блокадата на евроинтеграциите на Албанија, што резултираше со преписки и реакции од бугарското Министерство за надворешни работи. 

На бината, каде што лидерите на земјите од Западен Балкан се фотографираа заедно со првите луѓе на ЕУ,  Рама и се обрати на европската тројка - Шарл Мишел, Урсула фон дер Лајен и Емануел Макрон со зборовите: .„Поздрав од Источна Македонија“. 

Од бугарското МНР му возвратија дека не е првпат да слушаат неиспровоцирани остри, навредливи квалификации од шеф на влада. „Жолчните изјави на толку ниско ниво повеќе не можат да се оправдаат со природата и недостигот на европски комуникациски вештини. Очекуваме албанскиот премиер да ги приспособи своите изразни јазични средства соодветни за политичар од земја кандидат за членство во ЕУ“, се вели во ставот на бугарското МНР. 

Притоа се додава дека Бугарија отсекогаш била меѓу оние земји членки на Европската Унија кои ја поддржуваат европската припадност на албанскиот народ. „Ја браневме европската перспектива на Албанија и почетокот на преговорите за членство во ЕУ, дури и кога беше многу потешко од денес. Ние се залагаме за тоа денес, и покрај сè, во име на заедничката европска иднина“, се додава во реакцијата.  

„Или дигнете го ветото или ќе ме трпите“ 

Еди Рама не го премолчи ставот на бугарското МНР и повторно возврати со коментари на социјалните мрежи. „Вие имате проблем со мојот начин на изразување, јас со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билатералните прашања. Или дигнете го ветото или ќе ме трпите“, реагираше албанскиот премиер на Твитер. 

Кусо потоа тој твитна дека имал телефонски разговор со Бојко Борисов за да се реши „прашањето на бугарското малцинство во Албанија“.  „Дозволете ми да ви кажам, драги бугарски пријатели, дека имав краток телефонски разговор со Бојко Борисов за пријателски и искрено да го решиме прашањето за бугарското малцинство во Албанија. Вистинските пријатели не си наштетуваат еден на друг, туку ја кажуваат вистината еден на друг и си подаваат рака“, објави Рама. Тој му се заблагодари за „неговата пресудна улога во ослободувањето на ветото во парламентот“ и порача дека сега ЕУ треба да дејствува брзо. 

Поврзана содржина