Еден загинат во вооружен грабеж во Скопје | Вести | DW | 16.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Еден загинат во вооружен грабеж во Скопје

*

МВР води истрага за утринскиот вооружен напад врз возило на Комерцијална банка во кој едно лице загина, а две се повредени. Нападот се случи утринава околу 7 часот и 30 минути на крстосницата пред скопскиот саем, каде неколкумина маскирани разбојници со возило му го попречиле патот на комбето и стрелале кон трите лица кои се наоѓале во него. Полицијата трага по групата напаѓачи кои со пленот избегале во непознат правец.