Европското обвинителство ја почнува борбата против корупцијата | Свет | DW | 01.06.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Европското обвинителство ја почнува борбата против корупцијата

Денеска со работа почнува Европското обвинителство. Негова задача - борба против корупцијата во земјите членки на ЕУ. Тимот на Лаура Ковеши е соочен со планина од задачи и случаи.

Rumänien Staatsanwältin Laura Codruta Kövesi

Романската влада се бореше жестоко против назначување на Лаура Ковеши за шефица на Европското обвинителство

„Повеќе пари, поголема флексибилност, помалку правила“ - шефицата на новото Јавно обвинителство на ЕУ гледа големи задачи пред институцијата со која ќе раководи, особено поради големиот фонд за обнова донесен во време на пандемија. Лаура Ковеши стана позната како борец против корупцијата во Романија, каде со години опстојуваше наспроти притисокот на владата. Борбите во татковината ја исчеличија за новата задача -  да ги штити од злоупотреба милијардите на ЕУ.

Голем чекор во борбата против корупцијата

За создавање на ЕППО (European Public Prosecutors Office) особено се бореше Европскиот парламент. Беше премногу јасно дека немоќта на антикорупцискиот уред ОЛАФ ја остава речиси неказнета злоупотребата на европските пари, затоа што немаше обвинители кои ваквите случаи ќе ги изведат пред суд.

Повеќе:

ЕК: Пофалби за Софија, критики за Букурешт

Ковеси: За антикорупциските закони треба да се прашаат и правниците

Романија: Победа против извртувачите на правдата

Европското обвинителство има седиште во Луксембург, но е многу упатено на соработка со националните обвинителства, кои ќе мора да бидат назначени од страна на земјите членки. И, веќе тука почнуваат проблемите. Прво Малта одолговлекуваше со назначување ЕУ-обвинители, а сега блокира Словенија. Премиерот Јанез Јанша го спречува назначувањето на словенечкиот кандидат затоа што сака да ги спречи истрагите на антикорупционерите.

„Скандалозно е она што се случува во Словенија, (...) кога Јанша твита во стилот на Трамп, тоа ги покажува тешкотиите“ за новата институција, оценува европратеникот од ФДП, Мориц Кернер. Според него, за Словенија би било подобро да се поштеди од ваквата „непријатност“ пред почетокот на претседавањето со ЕУ. Шефицата на ЕППО, Ковеши, во словенечкиот весник „Дело“ напиша дека „недостигот на вистинска соработка ни го отежнува (...) подобрувањето на заштитата на ЕУ-буџетот и зачувувањето на владеењето на правото“.

Сепак, Јавното обвинителство на ЕУ се смета за голем чекор. Европратеничката од СПД, Катарина Барли, на институцијата гледа во поширок контекст - ЕУ првпат доживува закани од ерозија одвнатре. „Корупција сме имале отсекогаш, но сега има сили кои сакаат да ги поместат нашите вредности.“ Новото транснационално обвинителство, според неа, е и дел од европската самоодбрана.

Hände übergeben Euros

Европското обвинителство треба да спречи злоупотреба на европските пари

Транснационални истраги, национален кривичен прогон

Конструкцијата на Европското обвинителство почива врз прифаќање од страна на земјите членки. Под раководство на шефицата Ковеши и нејзиниот заменик, германскиот правник Андрес Ритер, обвинителството составено од 23 обвинители ќе одлучува дали истражените случаи на корупција треба да се гонат кривично. Ним им помагаат правници во земјите членки кои се специјално назначени за таа работа. За практична работа при истрагите во Луксембург има финансиски аналитичари и други експерти кои ќе ги истражуваат илегалните приливи на пари и нивната употреба.

Доколку ЕППО е уверено дека доказите за злоупотреба на ЕУ-пари се доволни, случајот мора да се процесуира во национаните судови во земјите каде се констатирани илегалните практики. Во тој дел се одмаздува тоа што ЕУ не се бораше порано за независност на судството во земјите членки. Онаму каде владата веќе влијае врз судството, ваквите постапки може да пропаднат поради послушност на судиите.

Андрес Ритер очекува многу работа за европските обвинители. Во надлежност на Обвинителството, од 2017 година, кога е донесен заклучок за негово формирање, досега влегуваат околу 3000 случаи. „Ние сме ветување за граѓаните на Европа“, вели правникот и нагласува дека во случајот со помошта во пандемијата е многу важно да не се злоупотребуваат финансиски средства. Тој, меѓутоа, веќе сега се жали дека се пополнети само половината од одобрените работни места во централата на Обвинителството во Луксембург. Итно се неопходни повеќе специјализирани иследници.

Infografik Korruptionsindex EN

Унгарија и Полска не соработуваат

Во групата земји кои одбиваат соработка со Европското обвинителство се Унгарија и Полска. Имено, учеството е доброволно, затоа што Обвинителството е основано со помош на т.н. „зајакната соработка“. Со тоа ЕУ може да реализира нови цели, без притоа да ги менува европските договори. Покрај Унгарија и Полска, во групата држави која не соработуваат се и Данска, Шведска и Ирска. Скандинавците често во делот на правосудството и внатрешната политика си одат по сопствен пат.

Повеќе: 

ЕП сака да ги врати Унгарија и Полска на патот на правна држава

Во Унгарија со години се критикуваат лукративните договори со ЕУ-средства, од кои профитираат роднини и поддржувачи на премиерот Виктор Орбан. Многумина се уверени дека одамна има материјал за постапки за корупција. Но, сите обиди Унгарија да се обврзе на соработка пропаднаа поради отпорот на премиерот.

Сепак, европратеникот од Зелените, Сергеј Лагодски, верува дека ЕППО нема да биде „беззаб тигар“. „Нема да бидеме запрени од овие земји“, вели тој и додава дека и тие нема да можат сосема да се изолираат од сознанијата на европските обвинители. Истрагите ќе може да се користат барем за вршење политички притисок.

На негативните листи на Транспаренси Интернешнал пет земји од ЕУ се рангираат во долната половина: Унгарија, Полска, Романија, Хрватска и Грција. Во сите нив има голем број случаи на измама со европски пари, објаснува директорот на организацијата, Михиел ван Хултен во последниот годишен извештај.