Европската комисија препорача отворање постапка против Италија | Економија | DW | 05.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Европската комисија препорача отворање постапка против Италија

Брисел негодуваше одамна, а сега станува сериозно: Европската комисија сака да ја принуди италијанската влада на буџетска дисциплина со отворање постапка поради пречекорениот дефицит.

Европската комисија ѝ се заканува на Италија со казнена постапка поради нараснатиот рид од долгови. Со оглед на развојот на ситуацијата со јавното задолжување на земјата, ваква постапка е оправдана, соопшти ЕК во Брисел. Обврските за плаќање на државата минатата година достигнале 132,2% од брутодомашниот производ и се далеку над дозволениот лимит од 60%. Истовремено италијанската влада не успеа да ги намали долговите колку што имаше ветено. Со оглед на тоа што и економијата бележи забавен пораст, долговите уште повеќе ќе се зголемуваат во однос на БДП, предвидува Брисел.

За отворање канзена постапка поради пречекорување на дозволениот дефицит согласност треба да дадат и министрите за финансии на земјите на ЕУ. На крајот сѐ би можело да заврши со казна за Италија тешка милијарди евра. Италија минатата година за малку избегна казнена постапка. Во Рим од летото 2018 годна владее коалиција на крајно десничарската Лега и левопопулистичкото движење „5 ѕвезди“.

Italien Luigi Di Maio, Giuseppe Conte und Matteo Salvini (picture-alliance/Photoshot/Sintesi/R. Casilli)

Шефот на движењето „5 ѕвезди“, Луиџи Ди Мајо, премиерот Џузепе Конте и лидерот на десничарската Лега, Матео Салвини (од лево кон десно)

Коалиционите партнери, по повеќенеделни кавги и закани со оставка на натпартискиот премиер Џузепе Конте, сега повторно се обидуваат да се договорат. Шефот на движењето „5 ѕвезди“, Луиџи Ди Мајо, и лидерот на десничарската Лега, Матео Салвини, вчера ја разгледувале можноста од повреда на ЕУ-правилото за буџетски дефицит, пишува весникот „Кориере дела Сера“. Салвини вети драстично намалување на даноците и затоа предлага да се игнорираат барањата на ЕУ за буџетска дисциплина. Конте, пак, инсистира на тоа Италија да се држи до правилата на ЕУ за горната граница на задолжување. Судирот во Италија предизвикува загриженост за финансиската стабилност и надвор од границите на државата.

Повеќе: ЕУ сака да ја дисциплинира Италија

Италија е една од најзадолжените земји во светот. На крајот на минатата година нејзините долгови изнесуваа повеќе од 2,3 илјади милијарди евра, или околу 132% од италијанскиот БДП. 

DW.COM

Реклама