Европејците сакаат продлабочување на ЕУ | Свет | DW | 11.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Европејците сакаат продлабочување на ЕУ

Иако речиси половината Европејци се чувствуваат загрозени од глобализацијата, тие на ЕУ гледаат како дел од решението, а не од проблемот.

Слободен проток на стока, на пари, на луѓе - повеќето граѓани на ЕУ лично имаат добри искуства со глобализацијата, но сепак сметаат дека таа претставува закана. Притоа, многу од нив се надеваат на посилна улога на ЕУ, независно од тоа дали нивниот став за глобализацијата е позитивен или негативен.

56 проценти од граѓаните во ЕУ сметаат дека глобализацијата претставува шанса, произлегува од студијата на фондацијата „Бертелсман“. Две третини од нив посакуваат подлабока европска соработка. Само приврзаниците на десничарските и десноекстремните партии отфрлаат јасно секаков вид политичко или економско отворање.

За 44% од испитаниците глобализацијата претставува закана. Притоа ЕУ, според мислењето на голем број скептици, би можела да има заштитничка улога. Во оваа група испитаници релативно мнозинство од 45% посакува поголемо ЕУ-продлабочување, пред сѐ во делот на безбедноста и миграцијата. 41% испитаници од оваа група пак се за помала ЕУ-интеграција.

Студијата на „Бертелсман“ покажа дека 66% од граѓаните лично имаат „релативно добри“ или „добри“ искуства со глобализацијата, како на пример во делот на поевтини производи и услуги. Според раководителката на истражувањето Изабел Хофман, по прашањето на предизвиците што со себе ги носи глобализацијата, „значително мнозинство од граѓаните сметаат дека европската интеграција е дел од решението“, а не дел од проблемот.

Најголеми предизвици, според повеќето испитаници, се тероризмот и миграцијата. Секој четврти Европеец (25%) смета дека во ЕУ е потребна борба против тероризмот, додека секој петти Европеец (20%) е на мислење дека најважна задача е подобро пренасочување на миграцијата. Само 6% од испитаниците сметаат дека најважна задача се теми како отстранување на нееднаквоста или порастот во ЕУ.

Повеќе:

Нееднаква ЕУ: богат Луксембург, сиромашна Бугарија

Германија со 57% ЕУ-приврзаници и 43% ЕУ-скептици е во европски тренд. Репрезентативното истражување е реализирано во јули 2017 година во сите 18 држави членки на ЕУ. Со истражувањето биле опфатени 10.800 луѓе. Резултатите од Велика Британија не се земени предвид.

DW.COM

Реклама