Еврозона: Југоисточна Европа во „чекалницата“ | Економија | DW | 12.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Еврозона: Југоисточна Европа во „чекалницата“

Финансиската и кризата во Грција го раздрмаа еврото. За да се превенираат слични сценарија во иднина, со должно внимание ќе се планира секое евентуално проширување на еврозоната

Според Договорот за ЕУ, Европската комисија и Европската централна банка контролираат на секои две години до кој степен и колку одржливо земјите аспиранти за пристапување на Еврозоната ги почитуваат поставените т.н. критериуми за конвергенција.

Во моментов тоа не може да се каже за ниту една од седумте земји кандидати (Бугарија, Чешка, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија и Шведска). Дебатата што во моментов се води во рамки на еврозоната пак, навестува дека ниту секоја од членките не ги исполнува споменатите услови. Комесарот на ЕУ за финансии, Пјер Московиси, при претставувањето на плановите за реформи на зоната сумира: „Проблемот со еврозоната денес е што не води грижа за приближувањето на нејзините членки'.

До 2025-тоа година, според него, би требало сите членки на ЕУ да го воведат еврото, што за кандидатите има позитивен призвук бидејќи од реформските планови очекуваат конкретна помош за пристапување во зоната. Иако пристапувањето не се одвива по план и во самите земји предизвика големи контроверзи, сепак тие цврсто се држат до поставената цел - дури и во трите земји од југоисточна Европа, Бугарија, Романија и Хрватска, и покрај тоа што поддршката од граѓаните во континуитет опаѓа.

Изедначување на стандардите

„Темата е многу значајна за нашата земја“, вели министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во разговор за ДВ. Нејзината земја била меѓу малкуте кои веќе ги исполнувале критериумите. Па така планот на владата во Софија е во 2018-та да фати место во 'чекалницата' за еврозоната, во т.н. Курсен механизам II (ЕРМ II).

EU-Wirtschaftskommissar Pierre Moscovici Wachstumsprognosen für 2017 (picture-alliance/Zumapress)

Пјер Московиси

Минимум двегодишно непречено учество во овој механизам е еден од критериумите за конвергенција за воведување на еврото. За време на нејзината посета во Берлин Захариева истакна дека се надева на помош од Германија во оваа област.

Романија официјално се откажа од досега поставениот термин во 2019-та да ја воведе заедничката валута. Премиерот Сорин Гриндеану на средба со финансиски експерти појасни дека покрај монетарната конвергенција морало да се изедначат и платите. „Преминот кон еврото може да се случи тогаш кога и платите во Романија ќе бидат споредливи со платите во другите земји на ЕУ“.

Подобро би било да се почека

Романскиот професор по економија и поранешен министер за финансии, Даниел Дајану, проблемите не ги лоцира само во постоел Кара разлика во платите.

Во разговор за ДВ нагласува дека се додека постојат големи разлики во развојот на поединечните земји, многу е загрозен балансот во еврозоната. „Поделбата меѓу Северот и Југот во рамки на еврозоната покажува јасно дека реформи се итно потребни“. Дајану предупредува од избрзано пристапување на Романија и додава дека 'политички и геополитички размислувања би можеле да го забрзаат пристапувањето на земјата, но економските фактори во никој случај не смее да бидат занемарени.' Според романскиот експерт за финансии, би било наивно да се верува дека еврозоната автоматски ќе гарантира економски и институционален развој.

Ако се водиме по претставите на првиот човек на хрватската Народна банка, Борис Вујчиќ, неговата земја би требало час поскоро да стане членка на еврозоната. Хрватска како последна во низата членки и пристапи на Унијата во 2013-тоа година и сметаше на тоа дека ќе успее брзо, во период од 4-5 години, да го воведе еврото. Но, бројките од последниот ЕУ Извештај за приближување говорат против брз пристап во еврозоната, особено во делот на буџетскиот дефицит (над 3%) и во државното задолжување (80%, значително над референтните 60%).

Тешко може со сигурност да се предвиди кога еврозоната навистина ќе се прошири. Благодарение на постојаната криза едно нешто изгледа им стана јасно на сите засегнати - Европската комисија, Европската централна банка и на дотичните земји: се додека загрижуваат економските разлики меѓу развиените индустрии во еврозоната и аспирантите, скорешно пристапување би било контрапродуктивно, како за еврозоната, така и за самите земји кандидати.

 

Реклама