Димитар Ковачевски бара почитување на јазикот и историјата, додека владата му се клати | Северна Македонија | DW | 22.06.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Димитар Ковачевски бара почитување на јазикот и историјата, додека владата му се клати

Францускиот предлог ќе биде прифатлив за македонската страна само доколку се почитуваат јазикот и историјата. Помалите партии во владиниот кабинет го отфрлаат францускиот предлог и најавуваат оставки

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски во пресрет на утрешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел ги посочи македонските позиции во однос на францускиот предлог, напорите за отстранување на бугарското вето и обидите за деблокирање на патот кон ЕУ.

Тој вели дека Владата формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји членки, но каков и да биде биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, тој ќе биде прифатлив за македонската страна само доколку се почитуваат јазикот, историјата и македонскиот идентитет. 

„Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет. Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка. Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот“, посочи Ковачевски на социјалните мрежи.

Цврсти гаранции

Тој бара цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија;

„Секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Северна Македонија“. вели Ковачевски, одговарајќи на јавната дискусија која што се води во земјата околу францускиот предлог. 

Ковачевски денеска замина за Брисел каде што в четврток (23.06) заедно со неговиот албански колега Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе учествуваат на Самитот Европска Унија -Западен Балкан.

Коалиционите партнери се против францускиот предлог

Доколку Владата го прифати францускиот предлог таков каков што е, лидерот на ЛДП Горан Милевски најавува дека ќе поднесе неотповиклива оставка од член на Владата

„Ако владата го прифати овој предлог, мене повеќе нема да ми биде место во таква влада. Не можам да седам со луѓе кои прифаќаат позиции кои се спротивни на моите размислувања. Не можам да прифатам целокупната моја историја која сме ја учеле во основно и средно училиште сега да се измени и да докажуваме дека тоа била лажна историја што ни ја наметнале комунистите. Дека тоа било нешто што не кореспондира со фактите и сега нас Бугарија да ни наметнува нова историја за цар Самуил, за Кирил и Методиј, за свети Климент и Наум и се она што за нас значи вредност. Сега ние да се откажеме молкум и да кажеме дека тие се Бугари“, вели Милевски во интервју за „Топ тема“ на Телма.

И претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, која е дел од владината коалиција, смета дека францускиот предлог, според информациите достапни во медиумите, не е прифатливо решение за земјата.

Поврзана содржина