Демонстрaции за единство на Белгија | Вести | DW | 19.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Демонстрaции за единство на Белгија

*

Околу 35 илјади луѓе во белгискиот главен град демонстрираа за единство. Луѓето на говорницата ги повикаат политичарите да ги надминат спорните точки и да формираат влада. 45 годишна службеничка од Лиж ги организираше Фламанците и Валонците на демонстрации. Нивната петиција во која бараат единство во Белгија изминатата недела ја потпишаа 140 илјадни граѓани. Во последните пет месци во Белгија неможеше да биде формирана влада поради спор меѓу две групи народи. Фламанците кои говорат холандски бараат повеќе овластувања за регионите, франкфоните Валонци го одбиваат ова.