ЦДЦ: „Променета војна“ против Делта сојот, кој е заразен како овчи сипаници | Свет | DW | 31.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

ЦДЦ: „Променета војна“ против Делта сојот, кој е заразен како овчи сипаници

Нова американска студија покажува дека Делта сојот може многу полесно од другите варијанти на коронавирусот да ја пробие заштитата што ја дава вакцината.

Откако по голем настан во американската сојузна држава Масачусетс изби зараза со коронавирус, почнаа истражувања за потеклото иширењето на инфекцијата. Сега е јасно - речиси три четвртини од заразените биле целосно вакцинирани.

По манифестациите во Барнстејбл се регистрирани 469 случаи на корона, од кои 74% кај лица кои биле целосно вакцинирани (примиле две дози од вакцината). Притоа, 133 случаи се анализирани детално и утврдено е дека кај 90% од нив има зараза со Делта сојот, се вели во студијата.

Како овчи сипаници?

Количеството на вирусот кај инфицираните со Делта сојот било значително повисоко, а заразата полесна, се вели во интерната презентација на американскиот Центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ), чии делови објави весникот „Вашингтон пост“. Мора „да се признае дека војната е променета“, стои на една од фолиите на презентацијата.

USA CDC-Chefin Rochelle Walensky

Рошел Валенски, директорка на ЦДЦ

Делта сојот е заразен колку и овчите сипаници (варичела), смета ЦДЦ. Овчите сипаници можат да се пренесат преку воздухот на неколку метри оддалеченост.

Директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски, оцени дека студијата од Масачусетс предизвикува загриженост. ЦДЦ во претходните денови ги прилагоди своите насоки за пандемијата соодветно на ширењето на Делта сојот и препорача повторно носење маски во многу затворени простории и за вакцинираните лица.

Сепак, ефикасноста на вакцините против Ковид-19 не се доведува во прашање. Вакцините, според ЦДЦ, пружаат и натамуголема заштита од тешко заболување и смрт на заразените со Делта сојот.