Дали САД повторно ги „предадоа“ Курдите? | Свет | DW | 07.10.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Дали САД повторно ги „предадоа“ Курдите?

Одлуката на САД ненадејно да се повлечат од своите позиции во североисточна Сирија, Курдите од регионот го толкуваат како уште едно, ново, предавство од големите сили и сојузници.

Курдските воени сили беа најважни партнери на САД во војната против Исламската држава речиси четири години. Повлекувањето на САД сега ги остава на милост и немилост на нивните главни непријатели- Турција. Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата, по телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, донесе одлука за итно повлекување на американските воени трупи од Сирија, Одлуката предизвика жестоки реакции од американските конгресмени и сенатори од обете политички партии. Се најавува резолуција која ќе ја блокира одлуката на претседателот. 

Турција сака да создаде безбедносна зона на територијата на северна Сирија во близина на нејзината граница- дел кој поминува низ регионот во кој Курдите успеаја да создадат автономна зона во екот на сириската граѓанска војна.
Во изминатиот век, Курдите во неколку наврати беа блиску до формирање на сопствена држава или автономен регион, но секојпат остварување на сонот завршуваше неславно откако светските сили им ја откажуваа поддршката.

Старата курдска поговорка ја рефлектира историјата на разочарувања: „Ние немаме пријатели, освен планините“.

Историја на предавства

Со колапсот на Отоманската империја по Првата светска војна, Курдите добија ветување за независна држава во 1920 година со Договорот од Севре. Но Договорот никогаш не беше ратификуван, а „Курдистан“ беше распарчен. Оттогаш, речиси без престан се случуваат бунтови на Курдите во Иран, Ирак и Турција.

Syrien | SDS Kämpfer (picture-alliance/dpa/Le Pictorium/MAXPPP/C. Huby )

Борци на курдската милиција во Сирија

Два настани останаа во колективната меморија на Курдите како големи предавства од САД.
Во 1972 година, САД го помогнаа вооружувањето на курдските востаници против Ирак. Тоа беше сторено преку Иран, кој тогаш беше предводен од проамериканскиот Шах Мохамед Реза Пахлави. Три години подоцна, шахот потпиша договор со Багдад и го сопре дотурот на оружје. Курдскиот лидер Мустафа Барзани го молеше американскиот државен секретар Хенри Кисинџер за помош, но САД ја сопреа помошта. Ирачката влада го задуши востанието.
Ирачките Курди повторно се бунтуваа во 1980-те со иранска поддршка за време на војната меѓу Ирак и Иран. Ирачкиот лидер Садам Хусеин го задуши востанието со користење на отровен гас и етничко чистење на над 100 илјади Курди.
Вториот настан се случи во 1991 година, по Заливската војна за ослободување на Кувајт од Ирак. Тогашниот американски претседател Џорџ Буш ги повика Ирачаните да се дигнат против Садам. Курдите на северот и шиитите на југот на земјата започнаа бунт, но Садам возврати со брутална пресметка. Курдите повторно настрадаа.

Сепак, по падот на Садам Хусеин во 2003, САД одобрија одреден степен на автономија за Курдите во северен Ирак, но не и независност.

Syrien Raʾs al-ʿAin | Syrische Kurden und US Militärfahrzeug nahe der Grenze zur Türkei (Getty Images/AFP/D. Souleiman)

Американски трупи во близина на границата со Турција

Се или ништо во Сирија?

Сириските Курди се надеваа на целосна автономија во североисточниот дел на земјата, иако и Дамаск и Анкара остро се спротивставуваа на тоа. Успеаја да добијат одреден степен на автономија кој беше незамислив до пред војната, вклучително и учење на мајчиниот јазик во училиштата, сопствена полиција и администрација.
Курдите беа ефективен партнер на САД во војната против Исламската држава. Илјадници Курди загинаа во војната која им донесе контрола на околу една третина од сириската територија. Курдите се надеваа дека сојузништвото ќе им донесе поголема автономија.
Но сојузништвото предизвика тензии во односите меѓу САД и Турција. Анкара ја смета курдската милиција во Сирија за терористичка група поврзана со курдските бунтовници на нејзина територија.
Во август 2016 година Турција веќе испрати трупи на западниот дел од границата, а потоа ја освои и енклавата Африн, што доведе до егзодус на десетици илјади Курди.
Курдите сега стравуваат дека последиците ќе бидат уште пострашни доколку Турција го освои и остатокот од слободната територија.

 

DW.COM

Реклама