1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Mazedonien Wahlen - VMRO-DPMNE Gruevski
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Груевски најави крај за „Пржино“ и „десоросоизација“

БГ
17 декември 2016

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во обраќање пред демонстрантите пред ДИК рече дека нема да дозволи Заев да формира влада и бара од амбасадорите да престанат да се мешаат во внатрешните работи на земјата.

https://p.dw.com/p/2UT3n

Груевски смета дека работата на Државната изборна комисија се претворила во пародија и ги обвинува странските амбасадори дека влијаеле врз нејзината работа „во правец на пост изборен инжињеринг и фалсификување на изборната волја на граѓаните на Република Македонија“. Груевски не ги именуваше странските претставници кои вршеле такво влијание, но прозва еден од независните членови на ДИК дека „не бил толку независен“. 
„Доколку Управниот суд ги потврди незаконските одлуки на ДИК и му се одземе победата на ВМРО-ДПМНЕ, партијата нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од изборите“, порача Груевски.
Читајќи го прогласот во четири точки кој денеска го донел Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски порача дека партијата нема да дозволи да се формира влада, ниту да функционираат институциите. 
„Нема да дозволиме Зоран Заев да формира влада со фалсификувана волја на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи функционирање на институции со фалсификувана волја на граѓаните кои го немаат легитимитетот на граѓаните“. 

Откако денеска преку партиско соопштение беа објавени детали од синоќешните разговори на Груевски со странски претставници во земјата, тој за првпат јавно и отворено ги нападна и странските претставници во Македонија и најави дека се повлекува од разговори со нив во форматот кој го предвидува Договорот од Пржино. 
„Некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата, тоа мора да запре. Остануваме отворени за комуникација со сите, но некои кои почнаа премногу да се мешаат во нашата внатрешна политика мора да престанат да го прават тоа. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи понатамошно мешање на амбасадори во внатрешни прашања и бараме да останат во рамките на своите мандати“. 

„ВМРО-ДПМНЕ го напушта форматот на состаноци и преговори со други политички партии во кои учествуваат амбаасдори, посредници или преставници на други држави“, вели Груевски. 
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави и филтрирање на работата на невладини организации во Македонија, чекор кој го најави како „десоросизација“. 
„Ќе се бориме за десоросоизација на Република Македонија и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на функционирање на невладините организации по теркот на најнапредните демократии во светот“, рече Груевски. 
На крајот тој порача декаВМРО-ДПМНЕ „била и ќе биде прозападно ориентирана партија“, чија цел е членство на Македонија во ЕУ и НАТО и стратешко партнерство со САД. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Поврзани теми

Поврзани теми

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Од СДСМ посочуваат на „можноста за проширување на мнозинство, со приклучување на АА, покрај постојните политички партнери“

Отворена врата за АА, диференцирање од ВМРО-ДПМНЕ и Левица

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница