Германската влада планира олеснет влез за странски работници и во гастрономијата | Информации и анализи за Германија | DW | 05.07.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Германската влада планира олеснет влез за странски работници и во гастрономијата

Германската влада сака да го олесни доаѓањето на странски работници во земјата. По одлуките за олеснет влез за работници на аеродромите, слични планови сега има и за гастрономијата.

Deutschland | Coronavirus | Gastronomie Arbeitskräftemangel

Очајна потрага по работници - наместо на таблите пред рестораните да е напишана дневната понуда на јадења, стои оглас за работа

По одлуката за олеснување на влезот на работна сила на аеродромите, германската влада сега планира поедноставен влез и за работници во гастрономијата.

„Потребата од работна сила се заостри многу поради пандемијата“, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер. Таа во разговор за ДПА вели дека огромен недостиг на работна сила има не само во воздухопловството, туку и во гастрономијата и хотелиерството.

„Министерот за труд Хубертус Хајл и јас знаеме дека би морало да се донесат олеснувања за странски работници во тој дел“, вели Фезер и додава дека заедно со колегата Хајл уште годинава ќе предложи промени „за во Германија да се донесат добри работници“.

Поради недостигот од работна сила и хаосот кој како последица на тоа настана на германските аеродроми среде летните одмори, германската влада брзо се усогласи околу неопходноста од поедноставно и побрзо носење странски работници. Работниците, кои од странство ќе доаѓаат пред сѐ за подготовка на багажот и чекирање на патниците, би требало да стигнат главно од Турција, но се спомнуваат и балканските земји.

Deutschland Tourismus l Reisechaos am Düsseldorfer Flughafen

Секојдневно отпаѓаат летови, затоа што на аеродромите нема доволно персонал

За да се зголеми атрактивноста на Германија за стручњаци од странство, треба „да се завршат неколку домашни задачи“, потенцира Фезер. „Потребно ни е побрзо признавање на дипломите и помалку бирократија“, вели министерката за внатрешни работи и тврди дека интензивно работи на тоа заедно со министрите за труд и за образование. Освен тоа, таа подвлекува дека странските работници ќе мора да имаат работа регулирана согласно тарифните договори од која „ќе можат да живеат“. Во тој дел владата е на страната на синдикатите, уверува Фезер.

Пеколен старт на летниот одмор: Хаос на европските аеродроми