Германија: Насилните демонстрации се причина за загриженост | Северна Македонија | DW | 18.06.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Германија: Насилните демонстрации се причина за загриженост

По договорот во спорот околу името меѓу Македонија и Грција, Германија ги повика сите вклучени страни да го прифатат постигнатиот компромис

Насилните демонстрации од викендот се причина за загриженост, изјави портпаролот на германската влада, Штефен Зајберт денеска во Берлин. Постигнатото решение е „значаен напредок за двете страни“, истакна Зајберт. Оној кој кратковидо опстојува на националистички позиции, им нанесува штета на сите луѓе во регионот, кои копнеат по стабилност и економска благосостојба, предупреди портпаролот.

За германската Влада, договорот меѓу Македонија и Грција е важен чекор напред за двете земји.

„Договорот може да ги тргне пречките за прекугранична соработка, раст на трговијата и инфраструктурата, и да придонесе за регионалната стабилност. Убедени сме дека, ако некои кусогледо инсистираат на националистички позиции, тие му штетат на договорот и на многу луѓе во регионот што сакаат стабилност и економски просперитет. Премиерите на двете држави, го направија можен овој важен компромис, што може да стави крај на проблемот кој траеше со децении. Германската влада ги повикува сите партии и политички сили во двете земји да го поддржат овој договор“, изјави Зајберт.

Повеќе: 

Лекциите од спорот за името

Нема да се дозволи реприза на 27-ми април

Според договорот меѓу Атина и Скопје, Македонија во иднина треба да го носи името Република Северна Македонија. На протестите против оваа спогодба, во македонскиот главен град Скопје синоќа се случија насилни протести, во кои беа повредени повеќе луѓе.

 

Реклама