Германија: Барања тестовите за корона да се плаќаат од свој џеб | Свет | DW | 27.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Германија: Барања тестовите за корона да се плаќаат од свој џеб

Оние кои заминале на одмор во странство можат при враќањето во Германија да направат бесплатен тест за коронавирус. Тестовите се доброволни, но има барања тие да бидат задолжителни, па и да се плаќаат од свој џеб.

Тестовите за корона за лицата кои патувале и се враќаат во Германија се бесплатни и се спроведуваат на доброволна основа. Но, повиците за воведување обврска за тестирање, посебно за оние кои престојувале во ризични региони, се сѐ побројни.

Премиерката на покраината Мекленбург Предна Померанија, Мануела Швезиг, смета дека тестот треба да биде задолжителен за оние што се враќаат од ризични подрачја. „Препорачувам секој да размисли дали патување во странство е навистина неопходно“, изјави таа за НДР Инфо. Покраинската влада во моментов ја преиспитува можноста за заострување на правилата за карантин, односно за воведување обврска лицата кои се враќаат од одмор и сакаат да избегнат карантин, да приложат два негативни тестови за корона.

Од С.Македонија во Германија: гратис корона-тест на аеродром

Бесплатни корона-тестови на германските аеродроми

СЗО очекува вакцина за коронавирусот на почетокот на 2021

Министерката за здравство на Баварија, Мелани Хумл, за АРД оцени дека обрвската е „важна и неопходна“, особено за повратниците од ризични подрачја. Хумл се залага за решение кое ќе се спроведува на сојузно ниво. Мора да се спречи можен втор бран на заразата наесен и притоа оние кои патуваат треба да се во фокусот, рече Хумл.

Слично е мислењето и на шефот на пратеничката група на ЦСУ, Александер Добринт. Тој за „Билд“ рече дека тестот треба да е задолжителен за оние кои се враќаат од ризични региони и дека ако за тоа во моментов нема правна основа, таа би требало „да се созададе“.

Deutschland Covid-19 Test am Flughafen Frankfurt (Reuters/K. Pfaffenbach)

Се бара оние што се враќаат од ризични региони сами да плаќаат за корона-тестовите

Либералите одат уште подалеку. Шефот на ФДП, Кристијан Линднер, смета дека тестот не само што треба да биде задолжителен, туку оние кои се враќаат од ризични подрачја би требало и самите да плаќаат за тестирањето. „Оној кој доброволно се изложува на ризик, како турист, тој тогаш треба за тестот и да плати“, рече Линднер за ЗДФ.

Сојузниот министер за здравство Јенс Шпан претходно соопшти дека во Министерството за здравство се размислува за обврска за тестирање за оние кои се враќаат од одмор, но додаде и дека правните пречки се големи. „Да го обврзете некого на тестирање е посегнување во делот на слободите“, реше Шпан за радиото Дојчландфунк.

Покраинските министри за здравство во петокот се изјаснија за тоа на сите лица кои се враќаат од одмор да им се овозможат бесплатни тестови за корона. Оние што се враќаат од ризични региони би требало за тоа да имаат можност директно по враќањето, односно да можат да се тестираат уште на аеродромите. На некои германски аеродроми, како Келн-Бон, веќе се прават тестови. Оние кои се враќат од региони кои не се ризични можат да направат тест кај лекар или други станици за тестирање во рок до 72 часа по враќањето.

Реклама