Газа: „11 дена како 11 години“ | Свет | DW | 26.05.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Газа: „11 дена како 11 години“

248 мртви, меѓу кои 66 деца. Големиот број жртви во Појасот Газа во најновиот конфликт помеѓу Хамас и Израел отвора многу прашања. Населението е во шок.

Таму каде што на централната улица во Газа некогаш имаше апартмани и продавници, сега има само урнатини. Бетонски блокови, метални шипки, скинати алишта и страници од книги отскокнуваат од сликата како неми сведоци за животот кој до скоро се одвивал таму.

Адли ал Колак е во капелата под шатор, точно наспроти местото каде што се наоѓала куќата во која живеел најголемиот дел од неговото семејство. Во израелските бомбардирања изгубил 21 член на фамилијата.

Во шок

„Не можам да ви ги опишам моите чувства, мешавина од депресија, тага и страв. Воопшто не можам да сфатам што се случи", вели Ал Колак гледајќи во урнатините. „Уште сум како во состојба на шок. За миг куќата беше уништена, сѐ се урна и сите луѓе беа под урнатините."

Уште ги слуша извиците за помош од неговите роднини, меѓу нив и деца, потиснати под урнатиот бетон. „Што некому згрешило шестмесечно бебе? Фрлало ракети врз Израел?", прашува тој.

И друга куќа на многучлено семејство во улицата Ал Вехда беше целосно уништена во израелските напади. Анас, еден од станарите, ја загубил својата свршеница Шаима Абу Ал Оу. „Дента се чувме повеќепати, и вечерта исто, кога одеднаш се слушна силна експлозија." Тогаш линијата се прекинала и тој ѝ пратил порака. Но, таа порака веќе не стасала кај Шаима.

Gaza nach den Bombenangriffen Israels

Адил ал Колак загубил 21 член на фамилијата

„Срце распорено со нож“

Веднаш било јасно дека повеќе куќи во улицата Ал Вехда се уништени. Повеќе од десет часа спасувачките сили трагале по преживеани во урнатините – потоа Анас дознал дека неговата свршеница веќе не е меѓу живите и дека телото ѝ е пренесено во судска медицина. „Таа уште имаше насмевка на лицето“, вели Анас. „Се чувствувам како нож да ми се зарива сѐ подлабоко во срцето. Но, таа сега е на некое подобро место."

Покрај Шаима, загинати се и повеќе членови на нејзиното семејство, татко ѝ, Ајман stadtАбу Ал Оф, доктор интернист од болницата Шифа во градот Газа. Тој го предводел специјалниот Ковид-19 тим во болницата.

„Уште имаме навика да му се јавиме кога сме во некоја недоумица“, вели неговиот колега Халед Кадура, додека се подготвува за смена на корона-одделот во болницата. Сите се и натаму во шок поради смртта на колегата.

Израелската армија го обвинува Хамас дека инсталирал воена инфраструктура во населени места и дека граѓаните ги користи како жив штит. Населението во улицата Ал Вехда тврди дека не биле предупредени од израелската војска за да ги евакуираат домовите, како што тоа се правело кога се во прашање висококатниците.

Palästina | Zerstörtes Gebäude in Gaza

Градот Газа по постигнувањето на примирјето

Бомбардирање населени места

Смртта на голем број цивили отвори многу прашања, меѓу другото и зошто населените места биле цел. Единаесетдневниот конфликт во Газа однесе 248 палестински животи, меѓу кои 66 деца и дваесетина милитанти. Според информациите од палестинското министерство за здравство, над 1.900 лица беа повредени. Во Израел беа убиени 12 лица, од кои едно дете и еден војник. Хамас фрли повеќе од 4 илјади ракети врз населени места и градови во Израел.

Додека некои фамилии во Газа и натаму се во жалост поради смртта на роднините, други се обидуваат да излезат на крај со преживеаното. Големиот интензитет на израелските воздушни и артилериски напади е постојано тема на разговор. Многу мештани од Појасот Газа имаат чувство дека последните денови биле многу полоши од војната во 2014. По примирјето од петокот вечер, таму е раздвижено, луѓето се или во набавки, или во обиколка да ги видат со свои очи урнатините.

Повеќе: 

Палестинците и Евреите во „мешаните“ градови на Израел: Како да се поврати довербата?

Блиски Исток: Решението за „две држави“ – утопија?

По примирјето на Блискиот Исток: радост и скепса

Бесконечна ескалација

За многумина ова е тажно дежаву. Во изминатите години имаше три војни помеѓу Хамас и Израел и голем број краткорочни воени ескалации. Милитантната организација Хамас, која владее во Газа, и овојпат, и покрај штетата, објави победа.

„Благодарен сум дека ништо не ми се случи“, вели Тарек Франги кого го сретнавме додека пазаруваше. „Но, ова е конфузна ситуација. Не знам дали да бидам среќен или тажен. Сѐ е тотално збунувачки.“

Друга жена со која разговаравме пак е пресреќна поради примирјето, но не верува дека некогаш ќе има позитивни промени за населението во Газа, како на пример олабавување на политиката на блокада или помалку строги рестрикции за патување. „Ништо добро нема да произлезе од ова“, вели Сузане Абу Шабан. „Мислам дека многумина би ја напуштиле Газа кога само би можеле.“

Gaza nach den Bombenangriffen Israels

Единаесетдневниот конфликт во Газа однесе 248 палестински животи, меѓу кои 66 деца и дваесетина милитанти

Тешка обнова

Сѐ уште се работи на утврдување на точната штета од последната ескалација на насилство, но на терен се гледа дека е огромна. Според проценките на ООН, уништени се над 750 домови, а оштетени се повеќе илјади куќи и дуќани. За време на конфликтот над 70 илјади лица беа приморани да ги напуштат домовите и да бараат привремена заштита во училиштата на ООН. Според досегашните проценки, оштетени се и 53 училишта, 11 клиники, како и водоводната, канализациската и мрежата за снабдување со електрична енергија.

Сето ова ја отежнува и онака екстремната лоша економска состојба во регионот со висока невработеност и растечка сиромаштија.

Појасот Газа веќе 14 години е блокиран од страна на Израел, а некогаш и од египетската страна. Израел дополнително ја заостри контролата над копнените, воздушните и морските граници откако милитантниот Хамас ја презема моќта во Појасот Газа од Палестинските автономни власти.

Палестинците кои живеат во Газа ја нарекуваат оваа политика на блокада „колективна казна“. Бидејќи Израел строго ги контролира извозот и увозот, увозот на градежни материјали преку преминот Керем Шало во Газа и во иднина ќе биде комплициран.

Израел го контролира товарниот сообраќај

Со ова треба да се спречи во Појасот Газа да се испорачаат материјали кои би можеле да бидат искористени за изградба на тунели и друга воена инфраструктура. По последната војна во 2014 година, беше договорен специјален механизам за обнова на Газа. Со ова се заобиколува директен контакт со Хамас, кој во многу земји е класифициран како терористичка организација.

Обновата ќе биде „огромна“, вели и Мохамед Абу Мугасиб, заменик координатор на организацијата „Лекари без граници“ во Газа. Во една од клиниките на организацијата во градот Газа во воздушните напади се оштетени чекалницата и одделот за стерилизација. Обновата е една работа, но многу е важно и менталното здравје на луѓето. „Два милиони луѓе во следните години ќе се справуваат со психолошките последици од ова“, вели Мугасиб. „Бомбардирањата беа многу интензивни. Единаесет дена беа како единаесет години.“