Во формула еден - нова сезона, а се′ по старо; Германија светски вицешампион во пингпонг | Теми | DW | 08.03.2004
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Теми

Во формула еден - нова сезона, а се' по старо; Германија светски вицешампион во пингпонг

Стартот на сезоната во автомобилизам формула еден навестува реприза на минатогодишните настани - доминација на тимот на "Ферари" и на Михаел Шумахер. Во Мелбурн возачите на "Ферари" појдоа од двете челни стартни позиции и така и ја завршија трката: Михаел Шумахер пред Рубенс Барикело. На победничкиот подиум се искачи и Фернандо Алонсо од Бенетон како третопласиран. Ралф Шумахер како четврти и Хуан Пабло Монтоја на петтото место остварија солиден пласман, но впречатокот што го оставија не дава многу надеж дека "Вилијамс" годинава би можел да конкурира за шампионска титула поединечно или тимски. Од врвни остварувања уште подалеку е Мекларен-Мерцедес: Рајконен рано отпадна поради дефект, а Дејвид Култхард се бореше со бескрајно многу проблеми и на крајот како осмопласиран остана дури за цел круг зад победникот. На светското првенство во пингпонг во Катар германските претставници го освоија сребрениот медал, откако во финалето загубија од селекцијата на Кина со 3 спрема 0. За Кинезите тоа беше веќе 14-та титула светски првак, а за Германците прво финале по цели 35 години. Тимо Бол во никој случај не беше незадоволен: "Разочарување не би било на место. Одигравме супер-турнир, загубивме само од Кина, која беше овде далеку најдобар тим. Не може едноставно да се очекува да ги победиме Кинезите. Го дадовме најдоброто што можевме, а Кина не покажа никаква слабост" - оцени најдбриот германски пингпонгар.