Војната на Трамп против медиумите има нова мета: Гласот на Америка | Свет | DW | 13.05.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Војната на Трамп против медиумите има нова мета: Гласот на Америка

Трамп и неговите сојузници го нападнаа Гласот на Америка затоа што пренел извештај за состојбата во кинескиот град Вухан. Сега со сите сили се обидуваат од медиумот да направат свој ПР агент.

Американскиот претседател Доналд Трамп имаше многу мети во неговата војна против медиумите, но веројатно најизненадувачката е Гласот на Америка (Voice of America), институција формирана за време на Втората светска војна за пренесување на независни вести и промоција на американските вредности низ светот. Трамп и неговите поддржувачи го обвинуваат медиумот за „срамно“ известување и сега се обидуваат да наметнат свој кадар кој треба да ја раководи владината агенција која ги контролира ВОА и другите медиуми. Битката ќе се води во Сенатот каде веќе се ископани партиските ровови.

Комитетот за надворешна политика на Сенатот во четврток треба да гласа за кандидатот на Трамп за предводник на Агенцијата за глобална радиодифузија (УСАГМ) која пак ги раководи ВОА, Радио Слободна Азија и Радио Слободна Европа. Се очекува Комитетот, каде мнозинство се републиканците, да гласа по партиска линија. Демократите стравуваат дека кандидатот, конзервативниот режисер Мајкл Пек, ќе ја претвори организацијата во пропагандна машина на Трамп. Во неговиот настап минатиот септември, Пек ги отфрли грижите дека ќе дозволи тоа да се случи. 

- повеќе на темата: Американските весници му го возвраќаат ударот на Трамп

„Мора да биде јасно дали улогата на ВОА е да биде адвокат за демократија и американските вредности или треба да стане ПР агент на претседателот и на Стејт Департментот“, вели Том Кент, поранешен уредник во Асосиејтед прес и директор на Радио Слободна Европа.
Демократите приговараат дека Пек е соработник на поранешниот советник на Трамп, Стиве Бенон. Трамп и неговите сојузници во ВОА и во другите државно финансирани медиуми гледаат со сомнеж и ги сметаат за елементи на „длабоката држава“ која се обидува да ги спречи нивните политики.
Состојбата ескалираше на 9 април кога советникот на Трамп за комуникации Ден Скавино на својот Твитер профил постираше текст на ВОА за Кина со коментар „Американските даночни обврзници плаќаат за пропаганда во корист на Кина преку ВОА. Срамота!“. 

USA Voice of america Sitz in Washington (picture-alliance/dpa/Sputnik/A. Agarishev)

Седиштето на ВОА во Вашингтон

Големо неразбирање 

Текстот на ВОА всушност беше пренесен извештај на Асосиејтед прес за прекинот на карантинот во кинескиот град Вухан. Но веќе следниот ден во официјален билтен на Белата Куќа, ВОА беше обвинета дека „зборува од име на авторитарни режими“. Неколку дена подоцна се вклучи и Трамп, нарекувајќи го известувањето на ВОА „одвратно“ и побара од Сенатот да го избере Пек.

Но директорката на ВОА Аманда Бенет не ги премолча критиките. „Една од големите разлики меѓу јавно финансирани независни медиуми, како Гласот на Америка, и државно контролирани медиуми е во тоа што сме слободни да ги прикажеме сите страни на проблемот, и всушност на тоа не обврзуа и законот“, соопшти таа. 

- повеќе на темата: Жестоки реакции по нападот на Трамп врз СиЕнЕн

Гледајќи од страна, поранешните функционери на медиумот се загрижени. Поранешниот републикански член на УСАГМ, Мет Армстронг вели дека администрацијата на Трамп покажува „големо неразбирање за мисијата на агенцијата“ со нападите врз ВОА. Тој вели дека е нејасно зошто администрацијата предизвикува контроверзи со изборот на Пек кога одамна можела да направи кадровски промени.

„Мислам дека тоа е само кулиса, преправање дека се налутени поради нешто за што не би требало. Оваа епизода дополнително ја открива нивната неспособност да ја менаџираат владата за која се задолжени“. 

DW.COM

Реклама