Вонредна состојба и двојно зголемена смртност | Свет | DW | 09.08.2010
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вонредна состојба и двојно зголемена смртност

Руските власти прогласија вонредна состојба во регионот на Урал. Во Москва двојно се зголеми смртноста кај граѓаните од вообичаеното. За справување со огнената стихија во Русија е испратена и меѓународна помош.

default

Во воздухот има шестпати повеќе јаглерод диоксид од дозволеното

Поради постојаните високи температури во Русија и отровниот смог од пожарите во шумите во околината на Москва, во моментов умираат двојно повеќе жители на главниот град од вообичаеното. Секој ден умираат околу 700 луѓе, изјави шефот на московските здравствени институции Андреј Селзовски, денеска (09.08.2010)за новинската агенција „Интерфакс“. Инаку во нормални услови во Москва дневно умираат околу 360 до 380 луѓе.

Најзасегнат е европскиот дел од Русија

Russland Feuer

Најкритично е во околината на Нижни Новгород и на Москва

Концентрацијата на отровен јаглерод моноксид во воздухот во моментов е повеќе од шестпати поголема од дозволената максимална граница. Според метеоролозите до среда нема да има подобрување на состојбата. Во Москва со недели има топлотен бран со температури околу 40 степени.

Низ целата земја се‘ уште беснеат над 500 пожари. Состојбата е најалармантна во европскиот дел од земјата. Според информациите на Министерството за цивилна заштита најзасегната е областа околу Нижни Новгород, како и околината на Москва.

Приносите на пченица помали од очекуваното

Deutsche Löschflugzeug Rettungsstaffel

Русија добива меѓународна помош за справување со пожарите

Во Русија стигнува се‘ поголема меѓународна помош. Германија испрати 100.000 гас-маски како и апарати за гасење пожар. Француската влада испрати авиони за гасење пожар, како и 120 пожарникари. Во околината на Москва 100 бугарски пожарникари, заедно со руските, се борат против пожарите. Помош испратија и Италија и Полска. Огнената стихија му се закануваше и на Центарот за нуклеарни истражувања Снешинск на Урал. Властите информираат дека состојбата таму е под контрола.

Експертите сметаат дека поради високите температури во Русија приносите на пченица ќе се намалат повеќе од очекуваното. Оваа година може да се очекува жетва од 43 до 44 милиони тони, четири милиони помалку од претходните прогнози, соопштија денеска од агенцијата специјализирана за земјоделство СовЕкон. Во изминатите шест недели цената на пченицата речиси двојно порасна, поради опасноста од неуспешна жетва во Русија. Но, сега цената на пченицата значително опадна.

Автор: ЈЈМ/ СН/ дпа/ ртр

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM