Влада: Ветото на Бугарија е пораз на европските вредности | Северна Македонија | DW | 17.11.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Влада: Ветото на Бугарија е пораз на европските вредности

Откако официјална Софија го блокираше почетокот на преговорите со ЕУ, од владата во Скопје велат дека таквиот чин не е во духот на добрососедските односи и го оценуваат како „пораз за европските вредности“.

Нема да дозволиме преговорите за членство во ЕУ да се претворат во преговори со Бугарија, порачуваат од македонската влада по денешната блокада на почетокот на пристапните преговори со ЕУ од страна на Софија.
Владини извори оценуваат дека бугарското вето е „неуспех за политиката на ЕУ за проширувањето, лоша порака за целиот регион и пораз за фундаменталните европски вредности и принципи." Сепак, од „Илинденска“ велат дека ќе продолжат да разговараат со Бугарија со цел да се изнајде победничко решение за двете страни, но одбиваат предмет на тие разговори да бидат јазикот или идентитетот. 
„Ние сме сигурни во тоа кои сме и што сме. Од секогаш сме биле Македонци коишто зборуваат македонски јазик, со силно чувство на самоопределување околу кое не може да се преговара и кое не може да биде доведено во прашање“, велат владини извори. 
Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева вечерва потврди дека нејзината земја го блокирала почетокот на преговорите на Северна Македонија. Германскиот министер за Европа, Михаел Рот подоцна објасни дека не бил постигнат договор за тоа што треба да опфати Преговарачката рамка за Северна Македонија. 

- повеќе на темата: Рот: Нема да ги пренесуваме билатералните спорови на европско ниво

„Нашата позиција е јасна: ние сметаме дека европските интеграции не смеат да бидат заложник на билатерални прашања. Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија. Нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнувањето на европските стандарди“, велат владини извори. 

 

DW.COM