Владата го поздравува францускиот предлог, ќе оди во Собрание | Северна Македонија | DW | 30.06.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Владата го поздравува францускиот предлог, ќе оди во Собрание

Македонската влада соопшти дека примила предлог од Франција за надминување на бугарската блокада. Францускиот претседател Емануел Макрон од Мадрид порача дека е најден „компромис“

Северна Македонија и Бугарија постигнале компромис за надминување на спорот околу содржината на Преговарачката рамка со која Скопје треба да ги води преговорите со ЕУ. Оваа вест попладнево од Мадрид ја соопшти францускиот претседател Емануел Макрон. 

„Мислам дека најдовме компромис околу спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија за Преговарачката рамка за влез во ЕУ“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на маргините на самитот на НАТО во Мадрид. 

Макрон не соопшти детали околу можниот компромис, но можно е тој да не опфаќа експресно решение, туку начин и македонската страна да се изјасни за договореното преку консултации и во Собранието во Скопје. 

Во таа насока говори и соопштението од Владата во Скопје објавено попладнево во кое се наведува дека „пристигнал предлог со идеи“ од француското претседателство со ЕУ. 

Основа за консултации  

„Ова претставува основа за отворање на широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со Претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата“, соопштуваат од владата. 

Според информации на Дојче Веле, во Мадрид на овие теми разговарале двајцата министри за надворешни работи Теодора Генчовска и Бујар Османи. 
Двете спорни точки биле околу одржувањето на двете меѓувладини конференции- првата „политичка“ и втората формална по која всушност и би почнале пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ. Бугарија бара на почетокот на преговорите да им претходи промена на Уставот со кои ќе се овозможи впишување на Бугарите како конститутивен народ. 
Втората спорна точна е внесувањето на Протоколите од меѓувладините состаноци во Преговарачката рамка. Во нив се регулира темпото на работа на Мешовитата комисија за историски прашања. 

Премиерот Димитар Ковачевски во средата од собраниска говорница порача дека нема да дозволи историските прашања „да бидат критериуми за преговарачка рамка и преговорите на Северна Македонија со ЕУ“.