1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Nordmazedonien Ali Ahmeti, Vorsitzender der DUI-Partei
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

ДУИ со нова стратегија или билдање на рејтингот?

ДТЗ
1 февруари 2022

Аналитичарите велат дека видеото кое го објави Али Ахмети е повеќе одговор кон критиките дека ДУИ била патерица на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ, а не нова стратегија на партијата.

https://p.dw.com/p/46MWI

„Крокодилските солзи на ДУИ“, „Пазарот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, „политичари и анти-ДУИ фронт“ - ова се само дел од изјавите и пораките на политичари од власта и опозицијата во Северна Македонија, коишто се најдоа во видео-компилацијата којашто ја објави лидерот на Демотската унија за интеграција, Али Ахмети на социјалните мрежи. Во видеото се пренесуваат куси изјави на високи претставници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во кои се изнесуваат обвинувања против ДУИ за криминал и корупција. Во една од изјавите може да се слушне и поранешниот премиер Зоран Заев кој вели дека треба „да го откриваме вистинското лице на врвот на ДУИ“. 

„Континуирано со години различни актери со напори да ѝ наштетат на ДУИ, како и да ја искористат за остварување на целите на нивните секојдневни партиски политики“, вели Ахмети во објавата на Фејсбук. Тој ги повикува своите пријатели на социјалните мрежи да го споделуваат видеото. 

Додека едни ваквиот потег го толкуваат како нова стратегија на партијата, други сметаат дека партијата си го билда рејтингот, но и дека целта на Ахмети е да ја профилира партијата како трет политички фактор или центар на моќ на ниво на државата. Видеото се објави во период кога во земјата, меѓу другото, се актуелни и полемиките околу измените на изборниот законик, кои пред сѐ се однесуваат на измени во изборниот модел. 

Билдање на рејтингот 

Аналитичарот Џелал Незири за ДВ вели дека не верува дека станува збор за нова стратегија наДУИ. „Целта на Ахмети е да ја профилира партијата како трет политички фактор или центар на моќ на ниво на државата“, смета Незири. Во тој бипартизам политички хабитус СДСМ-ВМРО, ДУИ од одамна гледа можност за да се промовира како еден вид политички центар, кој би се воздигнал во фактор во ситуација кога двете политички крајности би имале скоро исти бројки во Собранието. 

„Да сумирам - видеото е повеќе одговор кон критиките дека ДУИ била патерица на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ, а не нова стратегија. Таа стратегија на ДУИ не е нова“, вели нашиот соговорник. 

Што е заднината на политичкиот времеплов? 

Сепак, за аналитичарот Исмет Рамадани е симптоматично зошто Ахмети се одлучил за ваков политички времеплов, кој обично се практикува во предизборните периоди, кога актуелната политичка ситуација укажува дека коалицијата со СДСМ засега добро функционира и е на стабилни нозе, и партијата не се подготвува за предвремени избори. 

 Artan Grubi, Minister für politisches System in Nord Mazedonien und Ali Ahmeti, Parteivorsitzender der albanischen Partei DUI in Nord Mazedonien
Видеото е повеќе одговор кон критиките дека ДУИ била патерица на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ, а не нова стратегија, велат аналитичаритеФотографија: Petr Stojanovski/DW

„Легитимно право е на секоја партија да го билда рејтингот со алатки коишто ѝ се на располагање“, вели Рамадани за ДВ коментирајќи го рестроспективниот времеплов за препукувањата меѓу големите политички партии. Тој само покажува дека во зависност од тоа кој со кого бил во коалиција изминатите години, така ги насочувал и нападите кон спротивната страна.

„Сите партии можат да објават ваков времеплов и да видат дека се менувале нивните ставови во однос на тоа со кого коалицирале во власта. Разликата е во тоа што вакви видеа обично се појавуваат во предизборните кампањи, а колку што ни е познато ДУИ сега не се подготвува за предвремени избори“, анализира Рамадани. 

ВМРО-ДПМНЕ возврати со критики 

Опозицијата возврати со критики до ДУИ, по објавеното видео од страна на партискиот лидер Али Ахмети. „Секогаш кога Али Ахмети сака да се допадне на меѓународната заедница во неговите средби се откажува од Косово, и ја фали иницијативата на Србија - Отворен Балкан, каде Косово не се споменува, и измислува зелена агенда, а кога треба да се делат тендери, Ахмети станува загрижен патриот“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Според опозицијата, Ахмети не треба да се чуди зошто ДУИ ја обвинуваат за корупција, туку треба да ги провери и кадрите кои 20 години се извор на криминал и корупција. Според нив, зелената агенда на ДУИ и темата со етничките права на заедниците се измислени за ДУИ да се покрие во моментите кога од народот краде најмногу. „Функционерите на ДУИ не смеат да бидат феудалци кои се недопрени од закон, кои се богатат на грбот на сите граѓани на Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Главниот град на Албанија, во вторник (06.12.2022) ќе биде домаќин на самитот ЕУ-Западен Балкан

Самит кој не смее да се пропушти

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница