Вакцината на Бионтек и Фајзер доби дозвола во САД | Свет | DW | 12.12.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Вакцината на Бионтек и Фајзер доби дозвола во САД

Вакцината на Бионтек и Фајзер е првата вакцина против коронавирусот која доби дозвола во САД. Претходно, Белата куќа вршеше голем притисок врз агенцијата за лекови ФДА.

Вакцината на Бионтек и Фајзер може да им се дава на лица над 16 години, соопшти вчеравечер шефот на американската Агенција за лекови, ФДА, Стивен Хан. Тој зборуваше за „значаен чекор во борбата против оваа разорна пандемија“.

Според медиумски извештаи, Белата куќа претходно вршела голем притисок врз ФДА за издавање на итна дозвола. „Вашингтон пост“ објави дека шефот на вработените во Белата куќа, Марк Медоус, побарал од Хан отказ доколку вакцината на Бионтек/Фајзер не добие дозволапред истекот на вчерашниот ден. „Њујорк тајмс“ напиша дека Медоус на Хан му рекол дека доколку не биде издадена дозвола, тој треба да си бара друга работа. Хан, пак, во изјава за американските медиуми, вели дека се работи за „неточно претставување на телефонскиот разговор со шефот на вработените“ во Белата куќа. ФДА, според Хан, била „охрабрена“ итно да го разгледа барањето на Бионтек и Фајзер.

USA FDA-Beauftragter Stephen Hahn

Стивен Хан добил закана со отказ, доколку не биде издадена дозвола за вакцината во текот на вчерашниот ден, јавуваат американските медиуми

Претседателот на заминување Доналд Трамп вчера и самиот го зголеми притисокот врз ФДА. Тој ја критикуваше агенцијата како „голема, стара, бавна желка“. На Твитер напиша: „Дајде дозвола за проклетите вакцини сега д-р Хан! Престанете да играте игри и почнете да спасувате животи!“.

По давањето на дозволата за вакцината на Бионтек и Фајзер, Трамп на своите сонародници им вети почеток на вакцинирањето уште во текот на викендов. „Првата вакцина ќе биде дадена за помалку од 24 часа“, најави тој во видео објавено на Твитер. Според Трамп, владата веќе почнала соиспраќање на вакцините. Тој нагласи дека вакцините ќе бидат бесплатни за Американците.

Пандемијата на корона е и натаму вон контрола во САД. Во средата првпат имаше повеќе од 3000 починати лица за еден ден. Бројот на новоинфицирани, според статистиките на Универзитетот Џонс Хопкинс, изнесуваше над 200.000 дневно во последните денови.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама