Бунт против Трамп во Белата куќа | Свет | DW | 06.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Бунт против Трамп во Белата куќа

Трамп има противници дури и во Белата куќа - цела редица негови високорангирани соработници работат активно и целно против него, се тврди во анонимна колумна во весникот „Њујорк тајмс“.

Весникот „Њујорк тајмс“ објави гостински текст од анонимен автор, во кој буквално се вели: „Дилемата, која тој (Трамп, н.з) не ја сфаќа целосно, е дека бројни истакнати службеници во неговата влада непрекинато работат на спречување на делови од неговата политика и неговите најпогубни идеи.“ Авторот на текстот под наслов „Јас сум дел од отпорот во владата на Трамп“, а  кој предизвика големи бранувања, истакнува: „Добро го знам тоа, зашто јас сум еден од нив.“

Весникот го објави текстот без потпис, но тврди дека му е познат идентитетот на авторот, кој сака да остане анонимен додека е на функција.

Повеќе: 

Трамп се разделува и од својот правен советник

Сешнс се брани од ударите на Трамп

САД: Расте притисокот врз Трамп

Авторот ја нагласува својата приврзаност кон политиката на Републиканската партија, наспроти Демократите, образложувајќи ги мотивите: „Веруваме дека во прв ред сме обврзани кон нашата земја, а претседателот и натаму работи на начин кој штети на доброто на нашата држава. Затоа, спремни сме да направиме сѐ што можеме заради зачувување на нашите демократски институции и за да ги оневозможиме најчесто погрешните импулси на господинот Трамп, додека тој сѐ уште е на позицијата.“

„Иако беше избран како Републиканец, претседателот покажува малку афинитет кон идеалите што долго време се поставени од конзервативците: слободен ум, слободни пазари и слободни луѓе. Во најдобар случај тој се повикува на тие идеали како да се дел од претходно напишано сценарио. Во најлош случај, тој ги напаѓа,“ наведува авторот на текстот.

Текстот се појавува само два дена откако беше објавена нова книга на американската новинарска легенда, Боб Вудворд, во која тој исто така тврди - голем дел од администрацијата на Трамп е концентрирана врз напорите да го одврати претседателот од уништување на светскиот трговски систем, од руинирање на националната безбедност и провоцирањето војни. Анонимната колумна во „Њујорк тајмс“ навестува дека отпорот во Белата куќа е уште посилен од оној кој го опишува Вудворд. Трамп преку Твитер остро ги демантираше наводите во книгата на Вудворд, обвинувајќи го репортерот за целно ширење лаги, а на текстот во „Њујорк тајмс“ реагираше со еден единствен збор на Твитер, напишан со големи букви: „Предавство?“

DW.COM

Реклама