1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Bulgarien Nordmazedonien  Boyko Borissov Zoran Zaev
Фотографија: Regierung Nordmazedonien

Каракачанов дава рок до петок за договор

ДТЗ /ДВ
10 ноември 2020

Од македонската Влада велат дека се уште се надеваат на компромис со Бугарија. Софија тврди дека веќе нема што да преговара и дека сега се зависи од Скопје.

https://www.dw.com/mk/%D0%B1%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B5-%D0%BE%D1%82%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BF%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8%D0%BC%D0%B0-%D1%80%D0%BE%D0%BA-%D0%B4%D0%BE-%D0%BF%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%BA-%D0%B4%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%BF%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B8/a-55558961

Бугарија ја префрли топката на С. Македонија по разговорите во Софија. Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов порача дека сега се е во рацете на властите во Скопје по неколкучасовните средби на делегации на Македонија и Бугарија, предводени од премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов. Тој вели дека Бугарија само ги врачила своите барања и дала рок до петок. Каракачанов тврди дека бугарската страна не отстапила на никаков начин од своите позиции.

„Им објаснивме на нашите колеги од Македонија дека не можеме да направиме никаков компромис за прашањата поврзани со бугарската историја, со идентитетот на бугарските херои и со идентитетот на целиот нејзин народ, кој е дел од општата историја. Од тука натаму се е во рацете на колегите во Скопје. Макар и неколку денови до крајот на процесот, до петок, брзо да корегираат се што пропуштиле во моментот. И да видиме дали тоа е доволно да почнат преговори со ЕУ“, изјави Каракачанов. 

-повеќе на темата: Каракачанов, „вентилаторот“ и црвените атоми

,,Има две опции – или добро да заврши целиот процес за Бугарија и Македонија, или за Македонија разговорите за влез во Европската Унија ќе бидат одложени на некое време“, порача бугарскиот вицепремиер кој, денеска, по малку изненадувачки се најде на иста маса со Борисов и со македонската делегација предводена од Заев пред почетокот на Самитот ЕУ- Западен Балкан. Подоцна, Каракачанов единствен од бугарската влада го коментираше состанокот.

Bulgarien Treffen Führer des Reformblocks in Sofia
Красимир КаракачановФотографија: BGNES

Работен ручек

Премиерите на Македонија и на Бугарија и делегациите од двете земји заминале на работен ручек по завршувањето на лидерскиот Самит за Западен Балкан во Софија, во рамки на Берлинскиот процес. Првичните оцени на македонската Влада се дека успешниот Берлински процес е позитивен и охрабрувачки сигнал.

„Остануваме посветени на наоѓање решение. Ако се постигне позитивно решение за Македонија, тоа ќе биде добро за сите што се вклучени во процесот, а во спротивно ќе имаме споделен неуспех“, велат од Владата.

„Тие сакаат да има решение, ние сакаме исто така. Работиме заедно, како добри соседи посветени на заедничката европска иднина. Ако имаме позитивно решение, тоа ќе биде добро за сите – за С Македонија, за Бугарија, за ЕУ, за целиот Балкански Регион. Во спротивно, ќе имаме споделен неуспех за сите“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Влада Северна Македонија

Пламенот на „Огнената група“ опасен и за владиниот кабинет

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница