Брунбауер: Зошто францускиот предлог е бескорисен и опасен | Северна Македонија | DW | 08.07.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Брунбауер: Зошто францускиот предлог е бескорисен и опасен

Франција поднесе компромисен предлог кој има за цел да го прекине бугарското вето, но во исто време предизвика масовни протести во Скопје. Предлогот може да биде опасен, пишува професор д-р Улф Брунбауер

Улф Брунбауер

Професор д-р Улф Брунбауер е историчар и директор на Лајбниц-Институтот за Источна и Југоисточна Европа во Регенсбург, Германија

Има одредена иронија во тоа што токму Франција претстави проблематичен компромисен предлог. Затоа што со години токму француската влада го кочи прифаќањето на државите од Западен Балкан во ЕУ, ветување кое и онака сѐ повеќе звучи шупливо. Ова и создаде слободен простор на Бугарија да го запре процесот на пристапување на Северна Македонија со националистички барања и да не мора да плаќа политичка цена на европско ниво за тоа. Блокадата произлегува од фантомската болка што ги мачи бугарските националисти при  помислата на Северна Македонија, бидејќи Северна Македонија одбива да го усвои бугарското читање на нејзината историја и идентитет. 

Северна Македонија Француски предлог Протести

Протести против францускиот предлог во Скопје

Франција сега предложи, Северна Македонија да ги вклучи Бугарите како конститутивен народ во својата преамбула на Уставот, а напредокот во спроведувањето на Договорот за пријателство од 2017 година да стане дел од Преговарачката рамка. Предлози кои тешко се спроведуваат. 

Опасен преседан  

Првото пропаѓа поради немањето мнозинство во парламентот на Северна Македонија, особено затоа што Франција не бара реципрочен акт од Бугарија, каде македонското малцинство чека официјално признавање со децении. Вториот би поставил опасен преседан: имено поврзување на билатерален спор, за теми кои не се поврзани со критериумите за членство во ЕУ, со пристапните преговори. Ова би ја отворило вратата за уцена од постојните членки на ЕУ против земјите-кандидати, особено кога националистичките настроени влади поставуваат бизарни историско-политички барања – нешто што тие со задоволство го прават. 

На Западниот Балкан му се заканува да стане отпад на европската интеграција. Во конкретниов случај, Бугарија е таа што го торпедира почетокот на преговорите на соседот, а со тоа и на Албанија, бидејќи ЕУ одлучи да преговара или со двете или со ниту една од двете земји. Тешко е да се разбере користа што Бугарија ја гледа во дестабилизацијата на нејзиниот соседски регион. Во секој случај, Кремљ ќе биде среќен ако националните емоции ги донесат на власт антиевропските десничарски популисти.

Професор д-р Улф Брунбауер е историчар и директор на Лајбниц-Институтот за Источна и Југоисточна Европа во Регенсбург, Германија

 

DW.COM