Брисел покрена истрага за расипаното месо од Полска | Свет | DW | 01.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Брисел покрена истрага за расипаното месо од Полска

Европската комисија покрена истрага за скандалот со расипано месо од Полска. Контролорите треба да стигнат во Полска во понеделник.

Контролите од Брисел на почетокот на наредната недела би требало да почнат со анализа на ситуацијата во врска со скандалот со расипано месо. Фабриката од каде потекнува месото во меѓувреме е затворена, а месото е повлечено до пазарот. Од скандалот се погодени најмалку 13 земји, меѓу кои и Германија.

Полската телевизија ТВН24 објави дека во кланица во Мазовјецкото војводство во Полска тајно се колат и болни животни и дека тоа месо потоа се продава. Репортер на телевизијата се уфрлил во кланицата, каде работел повеќе месеци.

Портпаролка на Европската комисија денеска во Брисел изјави дека листата на земји каде се продавало месо од болни животни би можела да се промени. Според досегашните сознанија, погодени се Германија, Франција, Шпанија, Естонија, Финска, Унгарија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка, Шведска и Португалија.

Германската служба за заштита на потрошувачите и за безбедност на прехранбените намирници БВЛ соопшти дека количествата расипано месо кои завршиле во Германија се мали. Се проценува дека околу 50 килограми месо во Германија влегле преку Франција. Доколку тоа месо сѐ уште не се нашло во продажба, нема да има јавно предупредување за населението. 

Реклама