1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Nordmazedonien Branko Crvenkovski hält Rede in der Akademie der Wissenschaften
Фотографија: Darko Popov/MIA

Црвенковски: Ветото ќе остане и на јунскиот самит на ЕУ

ДТЗ
27 мај 2022

„Заедничката историја“ и формирањето на мешовитата историска комисија со мандат да арбитрира околу историските настани и личности беше голема грешка, вели поранешниот претседател

https://www.dw.com/mk/%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%BE-%D1%86%D1%80%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%9C%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B5-%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D1%9C%D0%B5-%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B5-%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D1%98%D1%83%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D1%83/a-61955379

Во пресрет на вонредниот коалициски совет, кој денеска треба да се одржи во Софија, на кој главна тема ќе бидат односите со Северна Македонија, во Скопје расте скептицизмот дека во јуни ќе се крене бугарското вето. Поранешниот претседател Бранко Црвенковски кој ретко се појавува во јавноста, денеска на трибината организирана од страна на Советот на амбасадори порача дека македонската јавност треба да се подготви, и од страна на власта и од страна на опозицијата, дека блокадата од страна на Бугарија може да потрае подолг временски период. Според Црвенковски, ветото на Бугарија ќе се повтори и на претстојниот јунски самит на ЕУ.

„Треба веднаш да се прекине со праксата присутна во последните 4-5 години на лесно и без основа подигање на очекувањата дека решението е на повидок и само што не се случило. Големи, а нереализирани очекувања водат кон големи разочарувања“, вели Црвенковски.

Пандорина кутија

Во изјавата која што ја пренесе МИА, Црвенковски оценува дека потпишувањето на Договорот за пријателство и соработка со Бугарија со таква содржина, посебно со формулацијата за „заедничка историја“ и формирањето на мешовитата историска комисија со мандат да арбитрира околу историските настани и личности, е голема грешка“. Поранешниот претседател вели дека Договорот не само што не затвори ниту едно прашање, туку напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои, како што нагласи, „до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја што компромис едноставно не е можен“.

Поранешните премиери Борис и Заев го потпишаа Договорот за македонско-бугарско пријателство и соработка
Поранешните премиери Борис и Заев го потпишаа Договорот за македонско-бугарско пријателство и соработкаФотографија: Pressestelle bulgarischer Ministerpräsident

„Тезата која се пласираше во јавноста дека за националниот идентитет не преговараме, а за историјата ќе се договориме, во самата своја основа е апсурдна. Секој и сечиј национален идентитет е резултат на историски процес кој се потпира на одредени историски меѓници, настани и личности. Ако тие меѓници ви бидат одземени и прогласени за туѓи, од националниот идентитет не останува ништо освен празна реторика“, потенцира Црвенковски.

Имајќи ги предвид огромните и непомирливи разлики меѓу позициите и „црвените линии“ на двете страни, Црвенковски единственото можно решение за спорот го гледа во „асиметрично“ толкување на историјата и идентитетските прашања - односно секоја страна да си го задржи правото на сопствено видување и притоа тоа да не претставува никаква пречка во билатералните и мултилатералните односи. 

Има ли простор за оптимизам?

Со слични процени во четвртокот излезе и претседател Стево Пендаровски кој во интервју за „Еуроњуз“ оцени дека шансите за почеток на преговорите денес – по 17 години кандидатски статус на земјата, се помали од 50 отсто. 

Премиерот Димитар Ковачевски е дециден дека во ниту еден момент не се врзал за одреден датум за преговори, оти почетокот на преговорите со ЕУ не зависи од Владата, туку од решавањето на отворениот спор со Бугарија и одлуката на 27-те членки на ЕУ. „Тој датум не зависи од нас, туку од двете страни, оти имаме отворен спор со Република Бугарија, која стави вето на почеток на преговори. И нормално, зависи од одлуката на ЕУ, односно од сите 27 членки. Така што, функционирањето и работата на една влада не може да се врзува со еден датум, којшто е како некоја отсечка во текот на годината“, вели Ковачевски.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски смета дека шансите за почеток на македонските пристапни преговори за ЕУ се помали од 50 проценти
Македонскиот претседател Стево Пендаровски смета дека шансите за почеток на македонските пристапни преговори за ЕУ се помали од 50 процентиФотографија: Pressestelle des Präsidenten der Republik Nord-Mazedonien/Foto: Tomislav Gergiev

За разлика од скептицизмот во земјата дека во јуни би можела да се крене рампата за влез во ЕУ, евроамбасадорот во земјата, Дејвид Гир на конференцијата „Бугарски гласови за Европа“, што се одржа во Националниот прес-клуб на БТА во Скопје, порача дека има високи надежи дека конечно ќе почнат преговорите на ЕУ со Албанија и Северна Македонија и тоа уште во текот на француското претседателство.

Дали има простор за оптимизам се очекува да стане појасно по вонредниот коалициски совет, кој се одржува во Софија. Бугарскиот премиер Кирил Петков се очекува да им објасни на партнерите зошто побарал претседателот да го свика Консултативниот совет за национална безбедност и да го претстави постигнатото во дијалогот со Скопје.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Конечно шини на Коридорот 8?

Пругата наречена „желба“ ќе влезе во графата - изградба

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница